Според официјалната историја прифатена во Македонија, античките Македонци биле посебен народ, несловенски. Подоцна, во 6 век во Македонија доаѓаат словените и со фузија на овие два етноса настанува современиот македонски народ.
Некои други пак тврдат дека античките Македонци биле словени. Името склави (словени) за прв пат се јавува во римската номенклатура. Последниот македонски цар Персеј бил непобедлив за римјаните долго време. Но, на крај римјаните успеваат да ги победат Македонците, а царот Персеј и целата македонска царска фамилија ја заробуваат и оковани како робови ги шетале низ Рим. Како Македонците представувале возвишена сила за Римјаните, македонската царска фамилија представувала еден вид трофеј за нив; дури исковале монети со ликот на Македонецот Персеј - Склавусот (робот), а Македонците ги нарекувале Склавуси. Во сите први хроники за македонските словени тие се наречени Склавени, Склавини. И оваа теорија можно да е точна.
Како што напишав порано, античките Македонци потегнуваат од Пелазгите, најстарите жители на Балканот, на Тракија, Македонија, Епир, Тесалија и Елада. Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3). Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, Херодот вели: "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .
Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населуваaт таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Страбон ова го напишал во 19 век по христа, значи и тогаш Пелазгите живееле во Елада, Тесалија , Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).
Етимологијата на зборот Пелазги-Полазги е словенска. Словените и Пелазгите живееле по ридовите и планините, особено во Елада и Тесалија, каде новодојдените агресивни Елини во 12 век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн.; старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е "по-лазеч" т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги.
Во античка Елада има многу топоними, реки и планини со словенска етимологија, кога се тврди дека немало словени во тие краишта, како: risea, Bura, Eserus, Halysaea, Homolium, Horeum, Leucas, Lebadea, Phoronicium, Oleanum, Sellasia, Sperchia, Stantyra, Sicorium, Temnos, Zemene; планини: Halesius, Homole, Scolis, Tomeus T/a/marus, Temnos, Pretus, Stena; реки: Peneus, Porina, Selenus, Selleis, Thiessa, /Tiassus/.
Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло: Arzos-Рашка; Bennica - Бањско; Debre-Дебaр; Dolonici/ae/-Дољани; German-Чрмеп; Samaika-Самоков; Travus-Трева; Zdebrin, Zernae, Zirinae, Zirinia, Црнец. Bo Македонијa: Cavetza- Кавица, Melichiza-Малешево; Nestus- Места.
За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна Стримион ја населило македонското словенско племе Струмјани. Значи таа област Стримион потекнува од предсловенската колонизација, а носи чисто словенско име. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денеска истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во пиринска Македонија има река Струма, а во Македонија град Струмица.
Ако ја следиме теоријата на МАНУ, како и официјалната грчка, бугарска и српска историја, тогаш да одиме редум кои се и какви биле тие македонски словени, кои дошле во Македонија и го словенизирале домородните античко население.
Македонските cловени со вистинско историско име славини или склавени, се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите и српската словенска група. Затоа, во почетокот како славини или склавени се познати македонските cловени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските cловени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските cловени, почнаа и нив да ги нарекуваат cловени и самите си го ставија нашето народносно име.
С(k)лавините - склавините ги населиле териториите на денешна етничка Македонија, чии етнички граници се простирале на исток до реката Места, на запад до јадранското море, на север граничеле со српско-хрватската група (сев. Косово и Рашка) додека на југ отишле се до Пелопонез; на исток од р. Места (источно од пиринска Македонија т.е. Бугарија), се населиле aнтите, денешните б'лгари-славјани (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).
Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи.
Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).
Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!
Нашите соседи, неисцрпно трудејки се да докажат дека Македонци не постојат, дека не постои македонски народ, тврдат дека античките Македонци потонале во земја, испариле од Македонија, едноставно ги снемало оддеднаш од светов со доаѓањето на словените. Таквите антимакедонски тврдења воопшто не држат, дури се и смешни. Зарем кога словените дошле во Македонија, затекнале пуста земја без луѓе на 68.000 м2, колку што изнесува територијата на етничка Македонија? Археолигијата таквите антимакедонски ѓаволштини на бугарите, србите и грците ги демантира. Каде и да копнеш во Македонија, ќе најдеш археолошки остатоци од македонистичкиот и римскиот период. Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не.