Македония > Общ форум - Македония

Кратка историја на древна Македонија

(1/5) > >>

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
 Етногенеза на Македонците     

Историјата на Македонија, како држава и земја, денес побудува голем интерес во светот, не само поради современите политички случувања што се одиграа во последно време во југо­источна Европа (распадот на комунизмот, распадот на Југославија, Косов­ската кри­за), туку, пред се, поради значајните личности што оваа земја ги има дадено како прилог во целокупната човекова цивилиза­ција.
Да се потсетиме само на славниот цар Алек­сандар Велики Маке­донски (синот на царот Филип Вто­ри Македонски), во чие време македон­ската импе­рија се протегала на три континенти и чија крајна цел би­ла созда­вање на општосветска империја, во која требало да нема граници во меша­њето на различните култури и во која сите народи требало да живеат брат­ски.

Да се потсетиме и на славната египетска кра­ли­ца Клеопатра Седма, која, по крв и по гени, била етнич­ка Македонка. Таа била далечна правнука на Алексан­дровиот генерал Птолемеј, кој, по распадот на македонската империја, останал да владее со Египет.

Да се потсетиме и на фактот дека христијан­ството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија. Македонија и Македонците
повеќе­пати се спомнати во Библија­та, најмногу поради миси­јата на светите апостоли Павле и Лука кои престо­ју­вале во оваа земја. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Маке­донци.

Во Македонија е роден и познатиот византиски цар Јустинијан, а етнички Македонци биле и византиските цареви, припадници на Македонската династија, која владеела со Византија од 9 до 11 век.

Македонија ги дала и светите браќа Кирил и Методија, кои денес, во Европа се третирани како 'сезаштитници на европскиот континент' и кои го создале првото писмо на т.н. 'словенски народи'.

Македонија го дала и свети Климент Охридски, човекот за кој се смета дека ја создал кирилицата - писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Укра­инци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на други народи.

Етнички Македонци се и над осумдесет светители, кои денес се слават во католичката и во православната црква.

Во Македонија и денес живее народ, чии при­падници отсекогаш себеси се нарекуваат Македон­ци и кои од дамнина живеат во оваа земја. Соседите на Македонија (а пред се Грција и Бугарија, кои денес држат под окупација делови од Македонија, а порано и Србија), го негираат постоењето на засебна македонска нација, користејќи ја својата бројност и поголема моќ во однос на Македонците.

Но, и покрај тоа Македонија и македонската нација го доживуваат своето повторно воскреснување. Во 1991 година беше возобновена независната македонска држава. Па, сепак, денес за Македонците многу малку се знае во европската и светска јавност. Зошто е тоа така?

Како прво, древна Македонија, како држава, престана­ла да постои уште во 2 век пред Христа (веднаш откако Римјаните ја окупирале македонската држава). Отто­гаш (освен неколкуте обиди за нејзино обновување во среднове­ковие­то), Македо­нија и Македонците конти­нуирано се наоѓале под разни ропства. Во 1913 година Македонија е поделена на четири дела, по што, за етничките Македонци, настапи тежок период на нивна денационализација. Македонците, кои останаа да живе­ат под Србија беа убедувани дека се 'Срби', оние кои останаа да живеат под Грција беа убедувани дека се 'Грци', оние кои останаа да живеат во Бугарија беа убедувани дека се 'Бугари', а оние под Албанија, дека се 'Албанци'. Сето ова не минува без отпор од страна на Македонците, како на културно, така и на воено поле.

За време на Втората светска војна Македонците во трите дела на Македонија кренаа национално вос­тание, но само Македонците во делот окупиран од Србија успеаја да добијат свои национални права (иако во рамките на недемократскиот југословенски кому­нис­тички режим).

Во 1991 година, заедно со распадот на комунис­тичка Југославија, овој дел од Македонија, успеа да се осамостои како засебна држава под името - Република Македонија. Така повторно е обновена славната древна македонска држава, иако само на дел од својата етничка територија.

Сето ова значи, дека, едно­с­тавно, досега другите (поробувачите или оние кои владееја со Македонија) им ја пишуваа истори­јата на Маке­донците. Но, од 1991 година, па наваму Македонците, за првпат, се во состојба слободно да ја експонираат пред светската јавност вистината за сопстве­ни­те етнички корени и за првпат се слободни самите да проговорат за историс­ката и културна величина на својата земја (иако рековме дека и во рамките на југословенскиот кому­нистички режим Македоцните уживаа национални права и имаа своја република).

Сепак, Македонците кои останаа да живеат под Бугарија и Грција и денес немаат никакви национални права и врз нив и натаму се врши жестока денационали­зација.

Што се однесува до Албанија, иако оваа држава ги признава Македонците како посебен народ, сепак таа во официјалните документи го прикрива вистинскиот број на Македонците што живеат во нејзините граници, со тоа што ги признава за Македонци само Македонците кои живеат во Мала Преспа, додека такво признавање не им дава на најголемиот дел Македонци со муслиманска вероисповед кои живеат во Голо Брдо и пошироко во Албанија, како и на остатокот Македонци со православна вероисповед кои живеат во поголемите градски центри во Албанија.

Под постојан притисок се наоѓаат и Македонците кои живеат во Гора (според тоа се наречени и Горанци), во Србија (Косово), каде што поради несредените услови, Македонците мора да ги кријат својот национален идентитет)

За сите овие проблеми околу оваа некогаш огромна, а денес мала, но слав­на, земја, ќе проговориме на оваа веб-страница, надевајќи се дека на свет­ската јавност уште повеќе ќе им ја доближиме Македонија и Македон­ци­те.

Кратка историја на древна Македонија

Мацедониа УндивидедВо овој наслов ќе спомнеме нак­рат­ко нешто за историјата на Маке­до­нија од најстарите времиња, па се до крајот на антиката.

Македонија била населена уште од најраните времиња. Најстариот познат жител (човек) на Балканскиот Полуостров е пронајден во Маке­донија. Имено, во 1960 година на Света Гора (на македонскиот полуостров Халкидик) бил откриен череп (најваројатно од жена) за кој се смета дека припаѓал на неан­дре­талец. Черепот бил најден во пештера близу местото Петра­лона, поради што бил наречен арцхантропос петралониенсис. Се смета дека е стар дури 270.000 години. Во истата пештера биле откриени наоди од човекови активности стари барем половина милион години! (Кокко­рос анд Канеллис: 'Децоуверте д'ун цране д'хомме палеолитхиљуе данс ла пенинсуле цхалцидиљуе', Л'Антропо­­логие 64, 1960).

Во Македонија е пронајдено и најстарото палеолитско ору­дие. Се работи за примитивна камена рачна секира.

Знаци на организиран живот на територијата на денешна Македонија се
среќаваат уште во постариот неолит. Главна карактеристика на тоа време е развитокот на домашната преработка, особе­но на грнчарст­вото.

Во Македонија е пронајдена и најраната досега откриена неолитска населба. Тоа е населбата откриена неколку километри се­верно од Бер. Оваа населба е датирана помеѓу 6300 до 5300 година пред Христа. Куќите во оваа населба имале повеќе соби, а некои од нив имале и тераси. Во секоја куќа имало огниште, складиште за хра­на, како и централно светилиште. Во насел­бата била најдена прет­става на женска фигура, како и цртежи на жаби, кози, диви свињи и бикови.

Од времето на неолитот (5000-4000 пред Христа) близу македонскиот град Кожани била пронајдена уште една неолитска населба со куќи, чии ѕидови биле измачкани со кал. Таваните биле потпрени на столбови и биле измачкани со смола. Веќе во доцниот неолит (4000-2800 пред Христа) западните и централните делови на Македонија биле значително населени.

Во Бронзовата епоха на тлото на јужна Македонија е забе­ле­жана поја­ва­та на ло­кал­­ната Арменохори група. Во фазите од Железна­та епо­ха про­должува развитокот на култу­рата, што довело до тоа, Македони­ја мно­гу рано да го доживее преминот од протоисторискиот во историскиот период.

Грчкиот археолог Андроникос своите најрани наоди во Вергина (Кутлеш) ги датира од 12 век пред Христа. Истото мислење го дели и Хамонд, кој смета дека првиот организиран живот во оваа населба потекнува од 1180 - 1100 година пред Христа. (Н.Г.Л. Хаммонд, Хисторѕ оф Мацедониа И, Оџфорд, 1976, стр. 385,390,407,409,420).

И најголемиот старозаветен про­рок Мојсие напишал нешто што несомнено се однесува на дамнешен организиран живот во Македонија (која, како што е познато, во Стариот Завет е означена со името 'Китим'). Во своето дело 'Броеви' (24:24) Мојсие запишал:

'Поморски народи се собираат од север. А бродовите од стра­на на Китим го покоруваат Асур, го покоруваат Евер, па и него ќе го стигне вечна гибел.'

Спомнувањето на 'бродовите од страна на Китим' може да значи дека Мојсие оставил сведоштво за постоење на Маке­дон­ска флота. И нема ништо чудно во сето ова, до колку не се знае дека Мојсие ова го напишал некаде помеѓу 15 и 13 век пред Христа!

Сето ова значи дека можеме да кажеме дека Македонија имала свое организирано домородно население со длабоки корени во најдалечното минато.

Сепак, досега потврдените историски извори ни зборуваат дека првиот идентификуван владетел на Македонија бил македонскиот крал Пердика. Тој живеел во 7 век пред Христа. Неговите претходници Каран, Коин и Тирима спаѓаат во сферата помеѓу историската вистина и преданијата.

Од ма­ла и сиромашна држава, Македонија, за кратко време се воздигнала во самиот врв на тогашниот свет. Главно население во неа биле Македонците, кои денес во науката се познати како древни Македонци. Древните Македонци биле засе­­бен народ. Тие зборувале на сопст­вен македонски јазик, имале сопствена култура и сопстве­на рели­гија. Како народ, древните Македонци биле создадени како ре­зултат на сложените етно­генетски процеси низ кои по­минале претходно населените домородни племи­ња на те­риторијата на Македонија (подетално за засебноста на древните Македонци види во: Кои биле древните Македонци? и другите поглавија).

Животот на древна Македонија продолжил пре­ку владеењето на кралевите од таканаречениот 'исто­риски период', како што се: Александар Први, Пер­дика Втори, Архелај Први, Кратеј, Орест, Архелај Втори и други. Македонија живее како сиромашна балканска држава, се додека во 359-та го­дина пред Христа, на македонскиот престол не се качил Филип Втори Ма­ке­донски. Со стапувањето на власт на Филип Втори, Македо­ни­ја го доживува својот силен подем и процут. За кратко време, овој владетел ги поразил околните народи, ги избркал грчките колонисти од маке­донското крајбрежје и ги проширил границите на Македонија. Овие успеси во голема мера се должеле на фактот што Филип Втори ја реорганизирал ма­ке­донската војска, вос­та­­но­вувајќи ја, на далеку прочуената, Македонска фа­лан­га. Оваа елитна единица на Македонската војска се состоела од добро организирани и командувани редови на пешадијци, кои носеле и по седум метри долги копја и кои така, незапирливо напредувале, буквално прегазувајќи ги пред себе непријателските воени редови.

Овие успеси на Ма­ке­донија не ја оставиле рамнодушна тогашна Атина. Познатиот атински говорник Демостен, во своите говори пред Атињаните жестоко ги критикува Македонците, изјавувајќи дека тие не се никакви Хелени (Грци), туку барбари. Познат е цитатот од неговото дело 'Филипики' (ИИИ), во кое тој сосема јасно го квалификува Филип Втори како човек, кој не бил никаков Македонец. Притоа Демостен рекол дека Филип: '...не само што не е Хелен, туку нема ништо хеленско, тој е барбарин од земјата за која ништо добро не може да се каже, еден никаков македонец од земјата од каде порано ни пристоен роб не можеше да се купи.'

На тој начин Атина застанува на че­ло на останатите грч­ки градови-држави, подготвувајќи се за војна против Македонија и Филип Вто­ри Ма­кедонски.

Пресудната битка помеѓу Македонците и војската на обединетите грчки градови, се одиграла кај Херонеја во 338 година пред Христа. Филип Втори Македонски надмоќно ги поразил Грците и во оваа битка загинале над илјада грчки војници. Во ниту една битка пред тоа немало загинато толку Грци, па ова ја принудило Атина да му се предаде на Филип Втори Македонски. Така Македонија станала господар над поголемиот дел од тогашна Грција.

Но, амбициите на Филип Втори биле Ма­кедонците да про­должат со војната и против тогашната најмоќна држава на светот - Персија. Меѓутоа, токму во екот на под­готовките за оваа војна, Филип Втори бил убиен во атентат за време на свеченостите по повод свадбата на неговата ќерка Клеопатра.

За наследник на Филип Втори е избран неговиот син Александар, кој за кратко време ќе ја разнесе славата на Македонија низ целиот свет. Првите чекори што на воен план ги презел младиот македонски цар било смирува­њето на бунтовите што, против македон­ската власт, ги кренале соседните народи: Илири, Тра­кијци и Грци. Откако ја зацврстил власта над нивните територии, Алек­сан­дар организирал поход против моќната Персија. Територијално тогаш Персија била за околу педесет пати поголема од Македонија. Тоа била огромна држава, која се протегала на три континенти и која имала неколку милиони жители Сепак, ова не го поколебало Александар Македонски да ја нападне. Првата поголема македонско-персиска битка се одиграла кај реката Граник во денешна Мала Азија, а потоа следувале уште неколку битки, од кои најпознати се битките кај Ис и кај Гавгамела. По поразите во овие битки, огромната Персија била целосно разбиена и освоена од Македонците. Интересно е тоа што, во рамките на Персиската војска, против Македонците се бореле и бројни Грци, иако Персија пред тоа, со години војувала токму против Грците. Грчките градови, пак, кои тогаш се наоѓале под персиска окупација, жестоко се спротивставувале на обидот на Македонците да ги ослободат од персиска власт. Древниот грчки историчар Аријан (Арриан) пишува дека мнозина Грци до последниот здив се бореле на страната на Персија против Македонската војска (види подетално во: Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци). Интересно е и тоа што, Аријан пишува дека во рамките на Персиската војска, тогаш се бореле и Албанците, кои, како азиско племе, тогаш живееле близу територијата на денешна Ерменија (што, впрочем го пишува и Страбо).

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
По поразите што Персиската војска ги претрпела од генијалниот македонски војсководец Александар Македонски, Персиската империја се распаднала и Персија практично станала составен дел од Македонската империја. Потоа Александар Македон­ски, заедно со својата војска, стигнал до територијата на денешна Индија, каде го поразил индискиот принц Пор, но и неколку други индис­ки владетели. Тогаш Македонската империја, целосно или делумно, се проте­гала на териториите на денешните држави: Македонија, Грција, Алба­нија, Буга­рија, Турција, Израел, Либан, Ирак, Сирија, Египет, Либија, Иран, Афга­нис­тан, Пакистан, Кина, Индија и други. Токму кога Александар се подгот­вувал да ја освои цела Индија, со тенденција да продолжи кон Индо­кина, маке­донските војници, преморени од долгогодишните војни, одбиле да го следат својот цар во походот кон далеч­ниот Исток. Александар Македон­ски со теш­ко срце се сог­ласил да се врати назад, но по патот кон Македонија, тој ум­рел во Вавилон, најверо­јатно поради болест, во 323 година пред Христа, кога бил на воз­раст од само 32 годи­ни. Според сведоштвата на древните историчари, до кол­ку Александар не го напуштел прерано овој свет, тој планирал освоју­вање и на териториите на де­нешна Арабија, на цела северна Африка, на Пири­неј­ски­от и на Апенинс­ки­­от Полу­остров. Всушност, повеќе истражу­вачи се согла­суваат со констата­ци­­јата дека крајна цел на Алек­сандар Маке­дон­ски била ос­војување на целиот свет и мешање на народите и културите во една заедничка светска држава.

По смртта на Александар Македонски, огромната македонска импе­рија бргу се распаднала на неколку држави, но Македонците и натаму оста­нале да владеат со некои од овие држави. Така, на пример, Македонците останале да владеат со Египет. Имено, по смртта на Александар, Египет се одделил како самостојна држава на чие чело застанал александровиот генерал Птоле­меј Лагов. Тој ја основал македонската династија Птолемеи, чии припадници оста­нале да владеат со Египет уште речиси триста години по смрт­та на Алек­сандар Македонски. Птолемеите Македонци, кои владееле со Египет, длабоко ја почи­тувале египетската култура, иако мнозина од нив никогаш не го научиле египетскиот јазик. Сепак, Македонската династија на Египет му доне­ла извесен економски процут, поради што и останала толку долго да владее со оваа земја. Интересен е обидот на Македонците Птолемеи, за менување на етнич­киот состав на Египет. За таа цел, од Македонија и од териториите на денешна Грција, во Египет биле доселени околу еден милион Маке­донци и Грци со цел да го изменат етничкиот состав на Египет. Сепак, оваа бројка била премала во однос на седумте милиони Египјани.

Најпозната вла­детелка на Египет од маке­дон­ската династија Птолемеи е далечната пра-внука на Алек­сандровиот генерал Пто­ле­­мај Лагов, познатата египетска кралица Клео­патра Седма (69-30 пред Христа). Не постои сериоз­на светска историска енциклопедија во која не е по­тен­цирано македонското етнич­ко потекло на оваа славна египет­ска кралица.

Династии, составени од етнички Македонци, вла­дееле и со други држави од распад­натата империја на Александар Македонски. Така, на пример, со источ­ното Средо­земје, преку два и пол века, останала да вла­дее македонската династија Селе­в­киди, додека со Пер­гамското кралство владееле Македонците Атали­ди.

Што се однесува до Македонија, таа, по распа­дот на империјата, оста­нала да егзистира како самос­тојна држава на Балканот, чиј живот бил испол­нет со внат­решни борби за освојување на престолот. Во третиот и вториот век пред Христа, Маке­до­нија водела три жестоки војни против Римјаните. Послед­ни­от легити­мен македонски цар Персеј не успеал да ја сочува Македо­нија пред налетот на римските војски. По бит­ката кај Пидна, во 168 година пред Христа, Маке­донија целосно потпаднала под римска власт. По некол­куте неуспешни обиди за востание против Римја­ните, древната македонска држава преста­нала да постои.

Кои биле древните Македонци?

Древните Македонци се вистинските древни предци на денешната македонска нација. Историските податоци, но и обичната логика, јасно укажуваат дека древните Македонци целосно ја внеле својата крв и култура во де­нешната маке­донска нација. Древните народи не исчезнувале од ли­цето на земјата и не испарувале во воздух (освен доколку не пос­тојат податоци за нивно масовно иселување и сл.). Древните народи во најголем дел ја внесувале својата крв и култура во посовремените етникуми што се појавувале на нивната тери­то­рија. Ова денес е при­фатено од речиси сите историографии во светот. Та­ков е случајот и со балканските историографии. Така, на пример, сов­ремената ал­бан­ска историографија тврди дека денешните Албан­ци во најго­лема мера се потомци на древните Илири, т.е. на древниот народ, што во минатото живеел на територијата на денешна Алба­нија. Бугар­ската историографија сосема оправдано ги смета Тра­кијците како составен етно-културен сегмент од денешната бу­гар­ска нација. Да потсетиме дека Тракијците биле древен народ кој главно живеел на терито­ријата на денешна Бугарија. И грчката историо­графија смета дека денешните Грци се директни потомци на древ­ните Хелени, т.е. на народот што во антиката живеел на тери­то­ријата на денешна Грција (иако ќе наведиме податоци дека не е сосема така). Според ова, токму древните Маке­донци се древните предци на де­неш­ната македонска нација.

Но, пора­ди извесни познати дневно-поли­тички причини, до не така одамна, во Република Македонија (додека се наоѓаше во рамките на Југославија) беше оневозмо­жува­но да се истражуваат етно-култур­ните врски помеѓу древните Маке­донци и денешните Македонци (со исклучок на поедини инци­дентни случави). Македонската и југословенската официјална исто­­­риографија за време на комунизмот (а, по инерција, и подоцна) исклучиво ја форсираше теоријата според која денешните Маке­донци се 'чисти Сло­вени' со 'прататковина' од заткарпат­ски­те мочу­ришта.

Во овој наслов ќе објасниме кои биле древните Македонци, а потоа ќе напра­виме краток осврт кон етно-културното наследство што древните Маке­донци го внеле во денешната македонска нација, чии припадници се нивни директни потомци. Па, да почнеме по ред.

Вистината дека древните Македонци не биле никакви Грци денес с# поприфатена во светската наука, наспроти жестоките напори на грчката историографија и пропа­ганда да го докаже спро­тивното. Во пошироката јавност во светот е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни арти­кулации за наводниот 'грчки карактер' на древните Маке­донци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.

Познатиот американски историчар д-р Јуџин Борза, (Еугене Борза) кој денес се смета за еден од најголемите авторитети во светот во однос на историјата на древна Македонија и чие име се среќава во голем број енциклопедии (во поглавијата за древна Македонија), како и во голем број американски документарни емисии посветени на оваа тема, во својата извонредна книга 'Во сенките на Олимп - појавата на Маке­донците' (Ин тхе Схадоњ оф Олѕмпус, Тхе Емергенце оф Мацедон, Принцетон Университѕ Пресс, Принцетон, Нењ Јерсеѕ, ИСБН 0-691-05549-1, УСА, 1990) - книга, која поради својата објективност во презентирањето на аргументацијата, најтопло препорачуваме да ја набават сите заинтересирани за оваа тематика - прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на древните Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму герман­ските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај древните Македонци.

Д-р Борза смета дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древни јунак 'обединител', на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков 'обединител' тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги 'обединил' Грците.

Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа иди­лична слика за Филип Втори како 'обединител на Грците' герман­ските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како 'обединители') на грчките градови-држави, нарекувајќи ги 'барбари' и 'тирани'. Веќе ја спомнавме неговата изјава во која тој Филип Втори го квалификувал како 'барбарин' од Македонија, а давал и други вакви изјави.

Со текот на времето, компаративните научни истражувања од разни области, с# повеќе почнаа да приложуваат докази дека древните Македонци не биле никакви Грци. Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже спротивното претставуваат само дефанзивен рецидив од германската пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-политичките и стратешки национални грчки интереси, какво што е задржувањето на приграбениот крупен дел од Македонија од страна на современата грчка држава во 1913 година и сл. За ова денес се свесни сите сериозни истражувачи на древна Македонија во светот. Самиот д-р Борза пишува:

'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'. (Борза, стр. 6).

Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори. Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас. Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', овој грчки археолог,
пишува:

'Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден). Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци? Од­го­­ворот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праис­торискиот период. Македонски извори не се зачувани. За Македон­ците имаме информации главно од непријателите на Македон­ците: од Атиња­ните, како Демостен; од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска окупација, како Полибие. Само Македонија, само македон­ската земја може да даде вистинска слика за древна Македонија, непристрасно...' (подетално кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денеш­ните Македонци, Скопје, 1995 год., стр. 19).

И познатата американска историчарка д-р Синдија Синдор Словиковски (Сѕнтхиа Сѕндор Слоњикоњски), во својата книга 'Спортот и културата во древно-македонското општество', пишува слично:

'Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од писа­тели кои живееле во грчките градови-држави, полиси. Животот и историјата на Македонците честопати им биле туѓи на Грците'. (Д-р Сѕнтхиа Сѕндор Слоњикоњски, Спорт анд Цултуре ин тхе Анциент Мацедониан Социетѕ, Тхе Пеннсѕлваниа Стате Университѕ, 1988, стр. 8).

Слично пишувал и познатиот француски научник Виктор Берар (1864-1931). Во изданието 'Ла Ревуе де Парис', тој напишал:

'До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците. Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омало­важу­вавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.' (Подетално кај: Т. Л. Поречки: 'Истина о Македонији кроз доку­ментацију', Бел­град, 1992, стр. 62).

Уште подециден е д-р Борза, кој во врска со ова пишува:

'...Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина. За несреќа, на древните Македонци им недостасуваше некој како Полибие кој ги расветли институциите што подоцна ги направија Римјаните славни. Оние што ги спомнувале македон­ските обичаи или им биле непријатели на Македонците, или биле подоцнежни биографи на Филип, или пак биле дилетантски соби­рачи на гласини и егзотика. Секој обид да се реконструи­ра внат­решната историја на Македониците со помош на вакви фрагменти е крајно тежок.' (Е. Борза, Ин тхе Схадоњ оф Олимпус, Тхе Емергенце оф Мацедон..., стр. 232).

Од друга страна ни современите археолошки ископувања во де­неш­ниот дел на Македонија под Грција не се отидени којзнае колку далеку, а да не зборуваме за веројатниот субјективизам во презенти­рањето на археолошките наоди од страна на грчката држава пред светот.

Д-р Словиковски во својот споменат труд ја потенцира неза­до­во­ли­тел­ната активност на грчките археолози на тлото на Маке­донија под Грција, па вели:

'С# до пред десетина години археологијата во северна Гр­ција (Маке­донија) беше игнорирана за сметка на плодоносните наоди во таквите области како што е Атина'. (Исто, стр. 8).

И д-р Борза (стр. 12) пишува дека за ископините од древна Маке­до­нија се дознава главно преку годишните извештаи на грчкиот археолошки сервис и од понекои странски списанија.

Сепак, и покрај сите овие моменти, денес има пронајдено доволно докази за самобитноста на древните Македонци. Во следните наслови ќе изнесеме некои од овие докази.

За посебноста на древно-македонскиот јазик

За древните Македонци се знае дека зборувале на сопствен ма­кедон­ски јазик. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древните историчари. Овде ќе спомнеме само некои од нив.

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
Древниот грчки историчар Плу­тарх (Плутарцх), опишувајќи една распра­вија помеѓу Алек­сандар Македонски и еден негов пријател, во својата био­графија за Александар Македонски во 53-та глава, запи­шал дека Алек­сан­дар: 'скокнал на нозе и почнал на македонски да ги дови­кува сво­­и­те шти­то­нос­ци.'

Плутарх и на други места пишувал за македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за Марко Антоние (Марц Антхонѕ), тој пишува дека припадниците на династијата на Македонците Птолемеи (наследници на александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои од нив го запоставувале овој јазик за да можат да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет. (Овој цитат од Плутарх види го во: Најпознати етнички Македонци, кои оставиле свој придонес во светската историја).

Дека древните Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф(Љуинтус Цуртиус Руфус).

Позната е случката кога било судењето на Македонецот Фило­та (Пхилотас), кој подготвувал заговор за убиство на Александар Маке­донски (Љ.Ц.Руфус, 'Де Ребус Гестис Алеџандри Мацедонис',ВИ, 10). Заговорот бил откриен и Филота (Пхилотас) бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф (Љуинтус Цуртиус Руфус), опишувајќи ја оваа случ­ка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој ду­ри цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во која, тој обр­ну­вајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): 'мајчиниот' и 'нашиот јазик'. Александар му се обрнал на Фи­лота со збо­ро­вите:

'Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?'

Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:

'Еве, гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да се гнаси од мајчи­ниот јазик?...Но, нека зборува како што сака, а вие спомнете си дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик.' (Љуинтус Цуртиус Руфус: Историја на Александар Маке­донски, во превод на д-р Љубинка Басотова, Патрија, Скопје, 1998, стр. 272).

Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол:

'Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчи­ниот јазик и де­ка сум се грозел од обичаите на Македонците. Значи така јас му се зака­ну­­­вам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној род­ниот ја­зик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и побед­ни­ците и победените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.' (Исто, стр. 274).

Сепак, во обвинувањата против Филота се вмешал војско­водецот Болон (Боллон), кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): '...иако бил Македо­нец, не се срамувал, преку преве­дувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик'. (Исто, стр. 276).

И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на засеб­ниот маке­донски јазик, што никаков коментар не е потребен. Исто така, од овој опис, гле­даме дека, дел од Македонците, поради практични причини (поголема мож­ност за
општење со другите народи и сл.) го користеле и туѓиот грчки јазик (кој овде е
опишан како 'туѓ, странски јазик'), иако меѓу себе и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик.

Дека древниот македонски јазик бил сосема различен од грчкиот ќе спомнеме уште едно древно сведоштво. Се работи за еден пронајден фрагмент од папи­рус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов 'Историја на наследниците' ("Хисторѕ оф тхе суццессорс") од древниот грчки историчар Аријан (Арриан). На овој фрагмент од папирус (ПСИ ЏИИ.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која повторно јасно е потен­цирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): '...испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски...' "...сендинг фортх а ман цаллед Џенниас њхо њас Мацедониан ин спеецх)"... за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа. Всушност оригиналниот збор со кој Аријан (Арриан) го опишал Ксение (Џенниас) бил зборот: 'Македонисти'. Интересно е што ист ваков термин постои и во денеш­ниот македонски јазик (иако можеби со малку поинакво значење).

Пишувајќи за овој документ, познатиот американски историчар д-р Борза пишува дека некои прогрчки автори (како на пример: Лидел, Скот и Џонс во нивниот Грчко-англиски речник Лидделл-Сцотт-Јонес ин тхеир "А Греек-Енглисх Леџицон") се обиделе овој термин да го преведат како 'човек кој зборувал на македонски начин' (стѕле оф спеакинг) (отприлика нешто како 'лаконскиот' начин на зборување и сл.). Но, д-р Борза оправдано го критикува ваквиот нивни став и е дециден во врска со толкувањето на овој термин, па вели:

'Контекстот на сцената опишана во овој фрагмент од папирус н# наведува да веруваме дека ова значело нешто повеќе отколку 'начин на зборување': Ксение, кој зборувал македонски, бил испратен од Евмен за да преговара со командантот на македон­ските единици. Ваквата мисија барала одлично владеење на јази­кот, какво што очигледно им недоста­сувало на обичните Грци. Ев­мен, кој им бил секретар и на Филип и на Александар добро ги знаел овие работи. (Борза, стр. 92).

Македонската империја од времето на Александар Велики Македонски И навистина д-р Борза ова одлично го објаснува. Нема никаква логика ни да се претпостави дека Евмен во таква сериозна мисија би испратил човек кој знаел некаков посебен 'начин на зборување' (стѕле оф спеакинг). Несериозно е и да се по­мис­ли такво нешто. Напротив, тој испратил човек кој го знаел македон­скиот јазик за да може да пре­говара со Македонците во таа сериозна ситуа­ција, а не да си игра мајтап со нив и да им се обраќа со некаков 'посебен начин на зборување' (специал стѕле оф спеакинг).

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори, секако повикувајќи се на релевантни докази, од кои некои веќе презентиравме. Дури и во 'Историјата на Грција', од ав­торот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот. Овде читаме:

'Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тра­кискиот, а по с# изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот...' (Хисторѕ оф Грееце бѕ Георге Героте, Вол.ИИ, тхирд едитион, Лондон, Јохн Мурраѕ, Албемарле Стреет, 1851, дел 2, стр. 14 и 15).

Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал (Артхур Њеигалл) во врска со засебноста на древно-македонскиот јазик, пишува:

'Грците ... не можеле да го разберат маке­донскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литера­тура од која би можел да се проучува.' (Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).

Вајгал дури пишува и дека мнозина Македонци не знаеле ни­ту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик и сосема јасно пишува дека мнозина Македонци не знаеле ниту збор од грчкиот јазик. Оценувајќи ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:

'Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена'.

Вајгал (цит. дело, стр. 267) повторно пишува во врска со познавањето на грчкиот јазик од страна на Македонците. Овде читаме:

'Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел мла­дешки да не и се восхитува на атинската интелектуалност, и да се осло­боди од непријатното чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.'

Што се однесува до веќе спомнатото испрашување на Македонецот Филота (Пхилотас), Вајгал (цит. дело, стр. 314) истото вака го опишува:

'Александар повторно побарал од него да зборува и го прашал дали ќе им зборува на луѓето на грчки или на македонски'.

Има уште многу други светски познати авторитети кои пишу­ваат за засебноста на македонскиот јазик, на кои, во интерес на просторот, ќе се задржиме во некоја друга прилика.

Инаку, факт е дека владеачките кругови во древна Македо­нија во одреден период на својот разви­ток го при­фатиле грчкиот литературен јазик. Денешните грчки историчари и пропагандисти го користат овој податок за своите цели. Тие потенцираат дека на Македонскиот кралски двор во четвртиот век пред Христа се пишу­вало на грчки и ова тие го нудат како 'доказ' дека Маке­донците наводно биле 'Грци'.

Така, на пример, во првото издание со натписи од регионите во горна Македонија, подготвено од грчките историчари Ризакис и Тарацоглу (Ризакис анд Тоуратсоглоу), предадени се 225 натписи од територијата на Македонија под Грција. Речиси сите овие 225 натписи биле напишани на грчки (Борза, цит. дело, 93).

Но, ваквото толкување на грчките историчари не може да биде никаков доказ дека древните Македонци биле Грци. Тоа што владеачките кругови во древна Македонија во одреден период го прифатиле грчкиот литературен јазик како писмен јазик на својот двор апсолутно не значи дека Македонците биле Грци. Еве зошто.

Како прво, со тогашниот литературен грчки јазик се служеле и други народи. За да го објасниме ова малку ќе се оддалечиме од темава за да направиме еден компаративен преглед со денешнава состојба. Најнапред ќе потенцираме дека големото мнозинство од денешниве генерации потсвесно го земаат литературниот јазик како 'доказ' за етничката припадност на поединци во минатото. Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен. Денес (речиси во целиот циви­лизиран свет) најголемиот дел луѓе се писмени. Притоа поголем дел од народите (барем во Европа) си пишуваат на својот сопствен лите­ратурен јазик. Грците пишуваат на грчки, Србите пишуваат на српски, Хрва­тите на хрватски, Бугарите на бугарски, Албанците на албански, Македон­ците на македонски, Романците на романски и така натаму. Поради тоа кај мнозина наши современици во потсвеста е соз­дадено еден вид 'правило', според кое, штом денес секој народ си пишува на сопствениот литературен јазик, сигурно дека така било и во минатото, т.е. така било 'отсе­когаш'. Но, ако се размисли подобро и ако се направи обид да се сфати реалноста во минатото, ќе се види дека ова 'правило' тогаш воопшто не важело! За времето за кое зборуваме во целиот свет имало само неколку лите­ратурни јазици. Значи, секој што ќе сакал да пишува бил принудуван добро да се помачи да научи некој од овие јазици. Ова фактички значи дека одвај дали имало по некој писмен човек во тие времиња. Така, на пример, припадници од разни народи: Грци, Маке­донци, Тракијци, Евреи, Илири, па дури и Римјани во одреден период на антиката пишувале на старо­грчкиот јазик, но тоа никако не значи дека тие биле Грци.

За да го сфатат ова подобро денешниве генерации, ќе го спом­нене примерот со Нигерија (кој важи и за други африкански држави). Имено, во оваа земја живеат голем број народи, кои си имаат сопствени јазици и кои воопшто не се разбираат помеѓу себе. Најбројни се народите: Хауса, Јорубо и Ибо. Ниту еден од нив нема свој литературен јазик, туку сите жители на Нигерија денес пишуваат на англиски. Значи при­падникот на народот Хауса, дома си зборува на својот јазик, но кога сака да напише нешто или кога сака да комуницира со својот сограѓанин од народот Јорубо, тој се користи со англискиот говорен и литературен јазик. Е, сега да си замислиме дека по некоја, не дај Боже, општочовечка катастрофа, по неколку илјади години, ќе бидат откриени писмени документи од денешната држава Ни­герија како единствени пишани споменици од оваа држава. Што ќе видат идните архео­лози и истражувачи? Секој од овие нигериски документи ќе биде напишан на - англиски! Но, дали тоа значи дека идните археолози треба да заклучат дека во Нигерија во 20 и 21 век живееле Англичани, само затоа што во овие векови во оваа земја официјален литературен јазик бил англискиот? Секако дека не, иако е можно да има и такви заклучоци. Потполно е иста состојбата и со користењето на грчкиот јазик во антиката, т.е. со зачуваните писме­ни споменици на овој јазик, што ги проучуваат денешните истражу­вачи. Тоа што овие дела биле напишани на овој јазик воопшто не значи дека сите нивни автори биле Грци, исто како што ни денеш­ните Нигеријци не се Англичани само затоа што пишуваат на анг­лиски. Денес постојат и други бројни народи кои пишуваат (па дури и зборуваат) на туѓи јазици (Ирците, бројни народи од Јужна Америка, од Африка и т.н.).

Како народ што го користел грчкиот литературен јазик во антиката рековме дека биле и Тракијците. Во 1986 година во северо­ис­точна Бугарија биле најдени 165 тракиски сребрени садови, кои потекнувале од 5 век пред Христа. Некои од нив бие напишани со грчко писмо. Коментирајќи го овој пример во контекст на она за што зборуваме, д-р Борза пишува:

'Шеснаесет од овие садови биле испишани со тракиски лич­ни имиња и имиња на места на грчки. Како што знаеме Тра­кијците не биле Грци и нив­ни­от јазик, кој продолжил да егзистира и во римско време, никогаш не се појавил во писмена форма... Може­ме да се повикаме и на одамна познатите монети од тракис­ките пле­­ми­ња од петтиот век пред Христа, на кои имињата на нивните кралеви и нивните титули исто така се напишани на грчки. Значи, работата е јасна: употребата на грчкиот јазик, како форма на пишана експресија, не претставува доказ за етничката припад­ност и за културата.' (Борза, стр. 94).

Со грчкиот литературен јазик се служе­ле и Илирите (Хисторѕ оф Грееце бѕ Георге Героте, Вол. ИИ, тхирд едитион, Лондон, Јохн Мурраѕ, Албемарле Стреет, 1851, дел 2, стр. 10), а грчкото писмо го користеле ду­ри и турко-монголските Буга­ри по нивното доаѓање на Балканот во 7 век.

Според тоа се поставува прашањето: зошто грчката исто­рио­графија и пропаганда единствено за Македонците тврди дека биле 'Грци', а истото не го тврди и за Илирите, Тракијците, Бугарите, Римјаните, како и за сите останати народи кои во одреден период се служеле со грчкиот литературен јазик?

Што се однесува до користењето на грчкиот литературен јазик на Ма­кедонскиот кралски двор, се знае дека тоа било при­фатено во одреден период од развитокот на македонската држава, а не дека така било 'отсекогаш'. Во при­лог на ова ќе потенцираме дека не постои ниту еден натпис на грч­ки јазик на територијата на цела Македонија што датира од петтиот век пред Христа, т.е. од времето пред делумното прифа­ќа­ње на грчката култура во Маке­донија. Зна­еме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени мно­гу поо­дамна од 5 век пред Христа на територијата на денешна Грција (па дури и во Тракија), но такви натписи во Ма­кедонија - не­ма! Како доказ за ова ќе споменеме сведоштва од грч­ки и странски извори.

Грчкиот професор Пецас (Петсас), во својата спомената статија 'Едно свинче патешественик', пишу­ва дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен пе­риод во Македонија.

Истото го пишува и познатиот грчки археолог Андроникос, кој вели:

'

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
'Многу сум несреќен што во Вергина не пронајдов никаков натпис од петтиот век'.

И познатиот грчки универзитетски професор Даскалакис се жали дека, оние странски научници, кои тврделе дека древните Маке­донци не биле Гр­ци, тоа го тврделе поради повеќе причини, од кои едната била токму непос­то­е­њето на стари грчки натписи во Македонија. Притоа професор Даска­ла­кис пишува:

'Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не се најдени натписи на грчки јазик од тој период'. (Подетално за овие изјави кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денеш­ните Македонци, Скопје, 1995 год).

Значи дури и официјалната грчка историографија признава дека во Македонија не постоеле натписи на грчки јазик од постариот период.

Слично пишува и во познатата општа ЦД Гролиер енцикло­пе­дија (ЦД Гролиер елецтрониц публисхинг, инц. Миндсцапе, Инц. 1995, Новато, ЦА 94945, наслов 'Греек лангуаге'). Овде старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија! Овде читаме:

'Древниот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на Крит, во дело­ви од источниот Медитеран и во западна и северна Ана­долија, на Сици­лија и во јужна Италија, на севернниот брег на Црно Море и делумно на северноафриканскиот и францускиот брег'.

Значи, Македонија воопшто не е спомната како подрачје на кое се говорел древниот грчки јазик. Не држи забелешката дека ав­то­рот, кога ја споменува денешна Грција, автоматски во неа го вклучил и егејскиот дел од Маке­донија, затоа што гледаме дека овде и Крит е спомнат одделно од Грција, иако тој денес е составен дел од неа! Инаку, автор на овој текст е Маргарет Алексиу (Маргарет Алеџиоу), која овде се пови­кува на поголем број дела од еминент­ни странски и грчки автори (чиј подолг список го наведува на крајот од текстот).

И д-р Борза пишува дека денешните грчки историчари пред светската јавност ги форсираат исклучиво натписите на грчки јазик од Македонија, кои потекнуваат главно од 4 век пред Христа, т.е. од времето кога македонските владетели веќе дозволиле прифаќање на дел од грчката култура во својата држава. Коментирајќи го споменатото издание со грчки натписи од Македонија, подготвено од Ризакис и Тарацоглу (Ризакис анд Тоуратсоглоу), д-р Борза пишува:

'Речиси сите од 225 натписи се на грчки, но тие доаѓаат од хеленистичкиот и од римскиот период, во кои стандардниот грчки јазик бил во употреба за вакви формални намени. Во овој корпус нема објавено автентичен материјал од пораниот период'. (Борза, стр. 93).

Индиректна потврда за ваквата вистина имаме и во споме­натата 'Ис­то­рија на Грција', каде се спомнати границите во кои живееле древните Грци. Овде читаме дека ниту Епирците не биле Грци, а камо ли Македон­ците:

'Територијата што & припаѓала на Елада (или про­должената Хелада, ако ги употребиме зборовите на Скилакс и Дикар­хус) се смета дека почнувала од градот и од Амбаркискиот залив. Отта­му на север до Акрокераунското испакнување лежи земјата која Грците ја викаат Епир и која е населена со Хаонците, Моло­сија­ните и Теспротијаните, кои се детерминирани како Епирци и за кои се смета дека не припаѓале кон грчката целина.'

Поради сето ова, се поставува прашањето: како е можно Ма­кедонија отсекогаш да била земја со 'грчка култура', до колку се знае дека во неа не се пронајдени никак­ви натписи на грчки јазик од времето кога таа егзис­тирала без поблиски и помасовни културни врски со тогашните грчки градови, а исто­вре­мено такви натписи се пронајдени низ цела денешна Грција? Како е можно Македо­нија отсе­когаш да била 'грчка земја', кога се знае дека во Македонија тогаш воопшто не се ни збо­рувал грчкиот јазик (посебно не меѓу широките народни маси)? Навис­тина на овие прашања грчката наука и пропаганда не можат да дадат одговор пред светската јавност.

Овде треба да се потенцира дека ни древното грчко писмо воопшто не е автентично грчко. Се смета дека тоа било позајмено од Феникијците. Дека овој податок е познат во светската јавност пак ќе презентираме како илустрација извадок од ЦД енциклопедијата Енкарта (наслов Еуропе), каде во врска со потеклото на грчкото писмо пишува:

'Грците го презеле писмото од Феникијците на кое му додале вокали'.

Меѓутоа, во поново време и во Македонија се откриени графеми, за кои се претпоставува дека дури биле и постари од фени­киските и за кои постои веројатност дека можеби биле прифатени од Грците во создавањето на нивното писмо. Остануваме отворени за сите идни сознанија во врска со ова.

Треба да се има предвид уште еден многу важен момент кога се зборува за користењето на грчкиот литературен јазик од страна на древните Македонци. Овој момент можеби е клучен во потврдувањето на вистината дека не може да се тврди дека древните Македонци биле 'Грци' само затоа што дел од нив пишувале на грчки. Се работи за следното. Точно е дека во Македонија се најдени разни исписи и натписи на грчки јазик, но во најголемиот дел од нив се забележани бројни грешки во правописот.

Од бројните примери за ова ќе спомнеме само неколку.

Неодамна е откриена посмртна маска на кралот Дропион (кој потекнувал од северно-македонското племе Пајонци). Околу ликот има напишано краток текст. Овој текст, иако содржи само осум зборови и две кратенки со по една буква, во него се направени се дури девет правописни грешки (несоодветно употребени и изоставени букви). Интересно е тоа што во името Дропион (наместо со две букви омега, како што треба да е напишано правилно на грчки), напишано е со буквите 'о'. (Иван Микулчиќ, Викторија Соколовска 'Икона на кралот Дропион' во 'Мацедониа ацта археологица', бр. 11, 1987-1989, Скопје, 1990, стр. 103 -104).

Грешки во текстот се откриени и на надгробната мермерна стела од 2 или 3 век по Хриоста (времето на римската окупација), која била подигната од четиричлено семејство во чест на своето починато дете Филип. Иако епитафот е напишан на грчки и овде се забележани грешки во правописот. Вакви грешки се откриени и на стелите во Битолско, Кавадаречеко и други места во Македонија. (Апостол Ќерамитчиев: 'Новооткриени споменици од село Браилово Прилепско' во: Зборник 1959-1960, 'Рецуеил дес Травауџ', издание на археолошкиот музеј - Скопје, 1961 година, стр. 47).

Се поставува прашањето: зошто древните Македонци правеле толку грешки во пишувањето на грчки? Нели е тоа уште еден силен доказ за нивното негрчко потекло? Дури и денес луѓето кои пишуваат на јазик што не им е мајчин обично прават помали или поголеми правописни грешки, т.е. не пишуваат така како што би пишувале оние на кои дотичниот литературен јазик им е мајчин.

Во врска со древно-македонскиот јазик и култура воопшто, треба да се знае и дека бројни лите­ра­турни дела од древните Маке­донци биле уништени од римските окупатори на Македонија. Римја­ните сурово се однесувале кон Маке­донците и нивната култура, при што уништиле многу дела од истата. Единствено останале сведошт­вата за овие дела. Така, на при­мер, Сте­фан Ви­зант (Степхан оф Бѕзантиум) Што се однесува споменува дека постоеле бројни хроники запишани од древните Македонци, како и две обемни исто­рии на Македонија напи­шани од страна на двајца тогашни македонски исто­ричари, а пос­тоеле и обемни патешествија и други записи. Понатаму, грчки­от историчар Диодор Сици­лијанецот (Диодорус оф Сицилѕ) Што се однесува споменува бројни писма што македон­ските војници за време на својот поход во Азија им ги испраќале на своите роднини во Македонија. Има сведоштва и за постоење на други пишани дела од Македонците, кои денес не се зачувани.

Но, да се вратиме на древно-македонскиот јазик. Каков бил овој јазик?

Од оригиналниот древно-македонски јазик засега се смета дека се зачувани само неколку десетици зборови. Од нив не може целосно да се заклучи каков јазик бил тоа. Факт е дека поголемиот дел од овие зборови се различни од тогашните грчки, иако има и слични на нив. За зборовите од древно-македонскиот јазик кои се слични со грчките зборови се смета дека и навистина биле при­фатени од овој јазик.

За позајмиците од грчкиот јазик во древно-македонскиот досега имаат пишувано повеќе автори. Впрочем, ваква појава имало (и има) во речиси сите јазици на светот. И денес во македонскиот јазик прифаќаме странски термини за кои главно немаме свои аналогии. Во денешниот македонски јазик вакви зборови, на пример, се: антена, сателит, мобилен телефон, хард-диск и други. И денес ваквите странски зборови ги прилаго­дуваме според сопствениот фонетски систем. Тоа треба да се има предвид и кога се анализира древно-македонскиот јазик. Не може за карактерот на овој јазик да се суди само преку позајмиците од грчкиот јазик (како што тоа го прават некои грчки и прогрчки наст­роени истражувачи), исто како што не може да се суди за автен­тичноста и за карактерот на ниту еден современ јазик само врз основа на позајмиците што истиот ги има прифатено од друг јазик.

Она што, пак, е многу интересно е фактот што извесен број од ори­ги­налните древно-македонски збо­рови, според својата етимо­логија и изговор, потсе­туваат на соодветните денешни маке­донски (но и на други 'словенски') зборови.


Религијата и обичаите на древните Македонци

Древните Македонци си имале и сопствена религија. Тие верувале во божествата со индо-европско потекло, како што се: Зевс, Посејдон, Аполон и други, кои од нивна страна биле славени на спе­цифичен начин различен од начинот на славење кај сосед­ните народи.

Но, зарем овие божества не биле грчки? А, ако биле грчки, зарем тоа не значи дека и древните Македонци биле Грци? За да одговориме на овие прашања треба да потенцираме дека такана­речената 'старогрчка митоло­гија и религија' воопшто не била автен­тична грчка. Имено, секој што сака подетално да ја проучува оваа митологија ќе дојде до сознание дека многу елементи на неа биле преземени од постарите култури.

Во минатото (18 век) се сметало дека старата грчка религија, т.е. митологија е автохтона грчка, но тогаш биле обело­денети податоци дека Грците својата религија во голема мера ја презеле од други постари народи. Дека, за ова денес се знае во сериозната светската јав­ност, повторно ќе приложиме цитат од споменатата Гролиер општа ЦД ен­ци­­­клопедија, каде за најголемиот број елементи од грчката религија и ми­то­ло­гија сосема јасно се тврди дека се позајмени од други различни култу­ри. Во врска со ова, во поглавието Митологија, во поднасловот Грчка мито­ло­гија чи­­таме:

'Грчката митологија содржи митолошки елементи од различни култури и истории.'

Но, што е тоа што е позајмено од останатите религии? Одговорот гласи: повеќето од грчките божества воопшто не се грчки. Дури ни Зевс не е никакво грчко божество. Овие работи денес се добро познати, а само како илустрација ќе посочиме неколку цитати од општата Гролиер ЦД енциклопедија, каде во продолжението на истиот наслов, пишува:

'Индо-европскиот културен елемент во оваа митологија е претста­вен преку богот Зевс... Зевс е најглавното божество во грчката митоло­гија. Тој има чисто индо-европско потекло и претставува божество, повр­за­но со симболот на небото и небесните феномени.'

Значи, гледаме дека ни толку познатиот 'грчки бог' Зевс, воопшто не е грчки. Или поточно, колку е грчки, толку е и македонски, и толку им припаѓа на сите народи што го славеле во тоа време. Исто е и со богот Посејдон. Во врска со него, на истото место, читаме:

'Посејдон претставува оригинално индо-европско божество и тој е постар брат на Зевс'.

За 'грчкиот Аполон', пак верувам дека малумина знаат дека се смета дека прет­ста­вува азиско божество, увезено од Сибир, каде опстојувало поврзано со азис­ките племенски ша­ман­ски култови. Еве што пишува во оваа енцикло­педија за ова 'грчко' божество:

'Аполон потекнува од Сибир и се смета дека силата на неговиот култ потекнува од племенскиот шаманизам на тој простор, а не од кул­тот на Дионис во Делфи'.

Но, до колку се најде некој да ги оспори цитатите од оваа светски поз­ната ЦД енциклопедија како субјективни, тогаш да кажеме дека поглавието, од коесе преземени овие цитати, е напишано врз основа на науч­ните трудови на светски познати научници од областа на грчката митологија. Ќе наведеме список на дел од авторите и нивните дела, кои служеле како основа за пишувањето на овој текст. Некои од нив се: Доддс, Е.Р., Тхе Греекс анд тхе Ирратионал (1957); Едмундс, Лоњелл, ед., Аппроацхес то Греек Мѕтхологѕ (1989); Гравес, Роберт, Греек Мѕтхс, 2 волс.(1955);Гримал, Пиерре, Цонцисе Дицтионарѕ оф Цлассицал Мѕтхологѕ (1990); Гуербер, Хелене А., Тхе Мѕтхс оф Грееце анд Роме (1990); Гутхрие, Њ.К.Ц.,Тхе Греекс анд Тхеир Годс (1949); Харрисон, Јане Е., Пролегомена то тхе Студѕ оф Греек Религион (1922; репр. 1991); Кирк, Г. С., Тхе Натуре оф тхе Греек Мѕтхс (1975); Лефкоњитз, Ма­рѕ Р., Њомен ин Греек Мѕтхо­логѕ (1986; репр. 1990); Мѕлонас, Г. Е., Елеусис анд тхе Елеуси­ниан Мѕстериес (1961); Нилссон, М. П., А Хисторѕ оф Греек Религион, 2д ед. (1949), анд Тхе Мѕценаеан Оригинс оф Греек Мѕтхологѕ (1931; Енг. транс., 1972) и други.

И Таткото на историјата Херодот (Херодотус) пишува дека повеќето грчки божества воопшто не биле грчки. Во врска со потеклото на грчките божества Херодот пишува:

'Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсеко­гаш го славеа'. (Тхе хисторѕ оф Херодотус, бѕ Херодотус; тран­слатед бѕ Георге Рањлин­сон).

Значи овие богови подеднакво им припа­ѓале и на древните Грци и на древните Македонци, но и на другите балкански народи. И Македонците и Грците го славеле Зевс (секој од својата страна на заедничката планина Олимп), но на прилично различен начин и со различни епитети. Доколку го прифатиме тврдењето на Херодот дека овие богови Грците ги презеле од Пелазгите, пред нас се отвораат нови интересни хоризонти, посебно ако се земаат предвид теориите на некои сериозни руски научници, кои тврдат дека Пелазгите биле предци на Словените.

Откако дава преглед на разликите помеѓу Македонците и Грците во сферата на религиозните сфаќања, познатиот американски научник д-р Јуџин Борза констатира:

'Најголемиот дел од писмените податоци за Македонскиот пантеон доаѓаат од времето на Филип Втори и Александар, од што испаѓа дека Маке­донците и Грците славеле исти богови. Сепак, многу од јавните манифес­тации на тоа славење изгледа биле раз­лични. На пример, во Македонија не се пронајдени големи јавни рели­гиозни споменици од пред крајот на четвриот век (што претс­тавува уште една разлика во однос на Грците) (Цит. дело, стр. 95).

Американскиот историчар д-р Синтија Синдор Словиковски во својот труд 'Спортот и кул­турата во древно-македонското општество' исто така пишу­ва дека некои од денес познатите 'грчки' богови всушност им при­паѓале на повеќе народи. Така, на пример, за богот Херакле, таа пишува:

'Херакле бил познат во грчките, македонските и азиските митови, легенди и приказни.... (Д-р Сѕнтхиа Сѕндор Слоњикоњски, Спорт анд Цултуре ин тхе Анциент Мацедониан Социетѕ, Тхе Пеннсѕлваниа Стате Университѕ, 1988, стр. 136).

Во врска со богот Зевс, д-р Словиковски претпоставува дека имал поголема улога кај Македонците отколку кај Грците:

'Зевс се почитувал во религиозната сфера и на Грците и на Маке­дон­ците. Но, за Македонците улогата на Зевс среде нивните богови изгледа била поголема во однос на улогата на Зевс кај Грците'. (Исто, стр. 72).

Во продолжение таа нуди аргументи во полза на оваа своја претпоставка.

Но, дали постоеле и оригинални македонски богови? Одго­ворот на ова праша­ње е позитивен. За жал, под влијание на грчката пропаганда, во добар дел од светската исто­риографија, некои од македонските богови се третирани како 'грчки'. Од нив најнапред ќе го издвоиме богот Дионис (Дионѕсус). Се знае дека Дионис бил од старо македонско-бригиско потекло. Тој прво се славел кај Македонците, а дури потоа кај Грците.

Во споменатата ЦД Гролиер енциклопедија (наслов: Мѕтхологѕ), во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнапред бил славен од Македонците (при што е спомнато неговото бригиско потекло). Притоа читаме:

'Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бригиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Бео­тија... Дионис исто така се викал и Бромиос или Бакхус. Целта на него­виот култ била да предизвикува екстаза - искуство на излегување надвор од себеси, или ентузијазам - искуство да се чувствуваш како бог. Сутината на мистериите на Дионис била дека, оној што ги прави, требало да се поис­товети со бог. Мнозинството следбеници на овој култ биле жени, наречени Менади, кои доживувале екстази. Кога свештеникот на Дионис свирел на флејта, приврзаниците на овој култ паѓале во екстаза, за време на која им било кажувано да растргнуваат животни'.

Познато е дека во етногенезата на древните Македонци, Бригите имаат значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог меѓу Македонците. Точно е дека постоело свети­лиште на Дионис на планината Олимп, кое се викало Дион, но тоа се нао­ѓало на северниот дел од планината, т.е во македонскиот дел на Олимп.

Оригинални божици со потекло од Македонија биле и познатите Музи! За прв­пат нивниот култ бил посве­дочен во македонската област Пиерија, а оттаму тие би­ле прифатени од Грците. Во споме­натата ЦД Гролиер енциклопедија во нас­ловот 'Мусес', читаме:

'Музите ... понекогаш биле нарекувани како Пиериди, според нив­ниот пр­вобитен дом Пиерија во Македонија, од каде честопати го посе­тувале изво­рот на Аганипа'.

Во религиозниот корпус на древните Маке­донци припаѓале и боговите Кавири.

Херодот смета дека култот на Кавирите бил донесен од Пелазгите, кои во тоа време живееле и во Македонија и кои (според Херодот) зборувале на нераз­бирлив јазик за Грците.

Друг значаен култ за Македонците бил култот на леген­дарниот митски пејач Орфеј (Орпхеус), кој бил роден во Македонија. Впрочем, минимал­ното познавање на мито­ло­гија­та покажува дека Ор­феј бил син на музата Калио­па (Цаллиопе), чие потекло од Македонија веќе го спом­нав­ме. Орфеј бил и погребан во Македонија. Неговиот гроб се наоѓал во под­ножјето на Олимп во јужна Македонија и на него­виот надгро­бен споме­ник биле испишани стихови од еден македонски поет.

Како древно-македонски бог треба да го спо­ме­неме и богот на леку­вањето Дарон (Дарон).

Друго древно-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма. Во Македонија се посведочени повеќе при­ме­­ри на наоди со претстави на оваа божица, додека вакви наоди во денешна Грција - нема! За божицата Ма се смета дека е од старо македон­ско-бригиско потекло, и истата кај Маке­донците, си имала свои македонски специ­фичности, кои ги нема кај другите народи (иа­ко кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка).

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
Во Македонија, како посебна божица, била славена и божи­цата Зирена (Зеирена), која имала посебни македонски епитети, а по својата содржина потсетувала на Афродита.

Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во повеќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Драко и Дракена (Драцо ет Драцена) (Повеќе детали кај: д-р Наде Проева 'Студии за античките Македонци' Скопје, 1997, стр. 179 и 181).

Од сето погоре изнесено сметаме дека терминот 'Грчка митологија' конечно треба да се исфрли од науката. Каква е таа 'Грчка митологија' кога ниту едно од божествата што биле присутни во неа не било грчко? Ова истото важи и за терминот 'древна (античка) Грција', кој исто така честопати неправедно се употребува во науката и публицистиката. И овој термин е сосема погрешен затоа што таква држава (древна, т.е. античка Грција) никогаш не постоела во историјата. Се што постоело на територијата на денешна Грција биле неколкуте градови-држави кои ту војувале помеѓу себе, ту склопувале лабави сојузи и кои сите до еден се нашле под македонска окупација или политичко влијание.

Освен во религијата постојат изразени разлики и во умет­носта помеѓу Ма­кедонците и останатите древни соседи.

Помеѓу древните Македонци и Грци постоеле разлики и во оштественото уредување. Додека Грците својот живот го органи­зирале по одделните градови-држави, Македонците имале своја силна централизирана држава.
Всушност Македонија била првата држава во вистинска смисла на зборот што се појавила во Европа.

Познатиот историчар Питер Грин, во својата книга: 'Александар Македонски 356-323 пред Христа', во врска со ова пишува:

'Македонија... била првата голема територијална држава со ефек­тив­на централизирана политичка, воена и административна структура што се појавила на европскиот континент.'

Разлики помеѓу Македонците и Грците постоеле и во фолк­ло­рот. Забележани се описи на две македонски народни игри. Едната се викала Телесија (Телесиас), и таа била вид на воен танц. Другата игра се викала Карпеа (Карпеа) и во неа со мимики во ритамот на шупелката се прикажувало крадењето на волови.

Древните Македонци имале и сопствени македонски народ­ни обичаи и обреди, за кои пишувале повеќе древни историчари, како што се: Херодот (Херодотус), Плутарх (Плутарцх), Аристотел, Квинтиј Куртиј Руф (Љуинтус Цуртиус Руфус) и други, децидно по­тен­­цирајќи дека овие обичаи биле македонски.

Како автентични древно-македонски обичаи се споменуваат: крше­њето погача за време на свадбените ритуали, одделното седење на мажи­­­те и жените за време на веселбите, стрижењето на косата за време на жа­лост или несреќа, специфичниот начин за избор на кралеви, специфичниот начин на судење, специфичниот начин на погребување и многу други. Добар дел од овие обичаи ги среќаваме и кај денешните Маке­донци.


Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци
Освен разликите во јазикот, културата религијата и сe друго што наведовме, постојат и голем број древни и современи наративни све­доштва, кои говорат за разликите помеѓу древните Македонци и Грци.

Но, пред да бидат изнесени дел од нив, најнапред треба да се укаже на една невистина што ја шири ­грч­ката историографија. Честопати грч­ките историчари тврдат дека најголем доказ според кој Александар Маке­донски на­водно бил 'Грк', бил фак­тот што нему му било дозволено да учествува на Олим­писките игри, на кои било дозво­лено да учествуваат само Хелените.

Според некои историски податоци (презентирани од Херодот) на грчките олим­писки игри учествувал и Александар Први (предокот на Алек­сандар Ве­лики Македонски). Херодот дури пишува и дека Александар Први победил во една трка на грчките олимписки игри. Па, зарем ова не е доказ дека Македонците биле 'Грци'?

Како одговор на ова прашање ќе посочиме на неколку мо­менти. Како прво, некои современи историчари го ставаат под голем знак прашалник учеството на Александар Први на грчките олим­писки игри. Врвниот познавач за улогата на спортот во древно-македонското општество д-р Синдија Синдор Словиковски смета дека Александар Први воопшто не учествувал на грчките олимписки игри. Таа потсетува дека неговото име го нема во списокот на победниците на ниту една тогашна олимпијада. Таа докажува и дека во времето на дотичната олимпијада Александар Први бил престар за да учествува на неа како крал, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри. (Д-р Сѕнтхиа Сѕндор Слоњикоњски, Спорт анд Цултуре ин тхе Анциент Мацедониан Социетѕ, Тхе Пеннсѕлваниа Стате Университѕ, 1988, стр. 47).

Но, дури и да прифатиме дека Александар Први и навистина учест­вувал на некоја тогашна олимпијада. Неговото евентуално учество воопшто не одело така лесно и било дозволено дури по неговото упор­но инстистирање пред Грците и тоа со строго ограничу­вање, спо­ред кое, само македон­с­ки­те кралеви можеле да учеству­ваат на олим­­писките игри, додека на нивниот на­род (Македонците) и натаму им било забрането учеството на овие игри. Освен тоа, се знае дека Александар Први во времето на 76 олимпијада бил прогласен за 'проксен' (проџен) од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале само на своите гости и пријатели.

Што се однесува до учеството на олимписките игри од страна на Александар Македонски, тоа воопшто не е чудно. Во тоа време тој бил господар над Грците, па никој не можел да го спречи да учествува на овие игри. Во врска со сето ова д-р Словиковски пишува:

'...Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македон­ците не можеле нормално да учествуваат во панхелен­ски­те натпревару­вања'. (Исто, стр. 51).

И понатаму:

'По Александар Велики за прв пат обичните македонски граѓани се појавиле на стартните линии во Олимпија, Делфи и останатите центри на панхеленските игри.' (Исто, стр. 102).

И понатаму:

'За време на владеењето на Филип, освен самиот тој, ниту еден Македонец не учествувал на олимписките игри... Всушност обичните Маке­дон­ци не учествувале на олимписките игри с# до времето по Александар Велики.' (Исто, стр. 140).

Кога сме кај олимписките игри да го кажеме и тоа дека постојат се­риоз­ни претпоставки дека овие игри прво биле создадени во Македонија. Д-р Словиковски (цит. дело, стр. 71) пишува дека олимписките игри што ги воспоставил македонскиот крал Архелај (Арцхелаус), можеби биле постари од грчките, т.е. тие можеби претставувале само обновување на некои древни македонски оплимписки игри, чиј претходник бил некој архаичен македонски фестивал посветен на Зевс. Овде читаме:

'Можно е некој многу стар фестивал посветен на Зевс да бил обновен од Архелај... Епиграфаските податоци од хеленис­тичкиот период ни сугерираат дека постоеле раскошни прослави во сите македонски заед­ници во чест на Зевс во месецот Диос. Во таков случај веројатно е дека во чест на Зевс во Дион постоел некој постар архаичен фестивал уште пред времето на Архелај'.

Дали ќе се потврди или оспори оваа претпоставка ќе зависи од напре­докот на археолошките ископувања во Македонија под Грција, кои с# уште, поради добро познатите причини, недоволно напредуваат. Во врска со ова д-р Словиковски пишува

'Археологијата во Дион има напредувано само до римските слоеви, но ќе биде интересно да се открие дали навис­тина Архелај само ги обновил игрите што таму се одржувале'. (Исто, стр.. 72).

Како 'доказ' дека Македонците биле Грци, денешните грчки историчари ја нудат и изјавата на Александар Први, кој (според Херодот) самиот изјавил дека потекнува од градот Арг на Пело­понез. Ќе одговориме и на ова.

Како прво, градови по име Арг имало неколку во тогашниот древни свет. Денес с# повеќе науч­ници (вклучувајќи го и алексан­дрис­киот историчар од 2 век Апијан (Аппиан) сметаат дека, иако Александар го спомнал Арг на Пелопо­нез како град на своето потекло, тоа всушност се однесувало на Арг Орести­кон (близу денешно Ру­пишта, гратче што се наоѓа по горниот тек на р. Бист­ри­ца во Ма­кедонија). Ова значи дека Александар Први, сакајќи по секоја цена да учест­вува на грчките олим­писки игри, најверојатно го измислил сво­е­то грчко потекло од Пелопо­нез. Де­нес пого­лем број научници се согла­суваат со оваа теорија и сметаат дека тој си бил Македонец со потек­ло од Маке­до­нија, но за да му дозволат да учес­твува на грчките олимписки игри, намерно им рекол на Грците дека по­тек­нува од Пелопонез, т.е. дека и самиот е 'Грк'.

Оваа тео­рија (за потек­лото на Александар Први од Маке­донија, а не од Пело­понез) ја заста­пуваат токму голем број грчки историчари!

Така, на пример, грчкиот археолог Алики Стујанаки во Во­ден­­­ското пери­­о­дично списание Едесаика хроника (мај-август, 1972, стр. 18) пишува де­ка првата позната династија на Македонците нема по­текло од Арг на Пе­ло­понез, туку од Арг во македонската област Орес­тида и дека повеќето грчки истражувачи ја прифаќаат оваа теза. Таа пишува:

'Помладите истражувачи на историјата оформија две различни гледишта: едни дека Аргос, како место за потеклото на Аргеадите е на Пелопонез... а другите тврдат дека Аргос е во Орестида (област во Маке­донија, з.м.) како што објаснува и Апијан. Последниве се повеќе и пове­ро­дос­тојни. (Христо Андоновски, цит. дело стр. 12).

Освен учеството на грчките олимписки игри, Александар Први Македонски сакал да им се доближи на Грците и поради политички причини. (заедничка заштита од Персија). Затоа негова цел му била што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако соработувал и со Персија (која тогаш била непријателски расположена кон Грците). Неговата сестра била мажена за висок персиски дос­тоин­стве­ник, поради што за време на грчко-персиските војни Алек­сандар Први играл уло­га на преговарач меѓу завојуваните страни, кој бил ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу Перисјанците и Грците кај Платеа, тој наеднаш се свртел на страната на Грците и поради тоа го добил прекарот Филхелен - Пхилхеллене - (почитувач на Хелените), што исто така сосема јасно зборува де­ка тој не бил никаков 'Хелен', туку странец кој ги почитувал Хелените. Интересно е што денешните грчки и прогрчки историчари терминот 'Филхелен' се обидуваат да го објаснат како 'синоним за Хелен' (!?). Реагирајќи на ваквата манипулација, д-р Бор­за пишува:

Навигация

[0] Списък на темите

[#] Следваща страница

Премини на пълна версия