Македония > Общ форум - Македония

Цар Самуил Македонски

(1/8) > >>

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:

Бугарска лага: Цар Самоил бил бугарски цар!

Сeверна и централна Македонија била окупирана од бугарскиот Цар Крум. Не можејќи да го истрпат ропството под туркобугарскиот окупатор, синовите на брсјачкиот кнез Никола во 969 г. креваат бунт против Бугарија. Бугарија е тогаш исцрпена од борбите со Византија, умира бугарскиот цар Петар, а неговите синови Роман и Борис Втори се заробени од Византијците, па македонските благородници ја искористуваат оваа лоша ситуација на Бугарија, за да се оттргнат од бугарскиот јарем. Македонските принцови, Давид, Арон, Мојсеј и Самоил ја ослободуваат Македонија и ја прошируваат слободната македонска територија и на тло на Византија. Од ваквите успеси на македонските господа, Византија е исплашена и во 970 г. ги ослободува бугарските принцеви Роман и Борис Втори, за да ја обноват Бугарија, а воедно ги наоружува во борбата против Македонците (Skylitzes.255.73-80). Скилица, најголемиот самоилов историограф вели дека Македонците и Бугарите биле две најголеми спротиставени сили (Skyl.328f).
 Но, бугарската историографија вели дека македонските принцови- четворицата комитопули се Бугари и директни продолжувачи на лозата на бугарскиот цар Борис, поради тоа што по византиските книги од 11 век и понатаму, Цар Самоил и неговата фамилија се терминирани како Бугари, а Македонија како Бугарија. Но, тоа не е точно. Византија, поради нејзината големина не ги знаела народите кои живееле на нејзина територија, па за полесно да ги разликува, луѓето ги нарекува по територијалното име, а не по етничкото. Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија и некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Парастрион (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101). Така, тракијците во византиските извори  ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн. 

Како туркобугарите биле мнозинство во права Бугарија, земјата меѓу Стара Планина и Дунав, византијците ја одделуваат во посебна воедноадминистративна тема Парастрион или Парадоунавис (The 'Second Bulgarian Empire.' Its Origin and History to 1204 , R. Wolff), со цел Бугарите- несловенски народ да ги од оддели словенските народи, кои пак Византија ги сместува во тема Бугарија.
 Кедринос вели: Охрид е метрополис на цела тема Бугарија, но не на права Бугарија (Kedrinos II 462,468.1,652); многу јасно ни е укажано дека византијците кога мислат на Бугарија, мислат на нивната тема Бугарија, не на држава Бугарија. Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година, исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува: "... Печенезите го преминале Истар (Дунав) и ја опустошиле Мизија" (ГИБИ, том 6., стр.  299). За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото име на оваа земја, па вели: "Печенезите повторно ги нападнаа Мизија, Тракија и Македонија" (ГИБИ, том 6., стр. 200).

Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). Особено важно да се истакне е, дека тематската поделба во Византија не е етничка и нема никаква врска со етничноста. Ако се земе за пример темата Македонија, во неа живееле Ерменци, словенизирани Траки, Ромеи (Грци и останато гркофонско населени), православни Турци тнр. Карамани, Евреи, итн. Сите тие во Византија биле наречени со едно име- Македонци, иако немале ништо македонско во нив. Впрочем, тоа било и целта на Византија, да ги премавне етничките разлики меѓу различните народи кои ја населуваа Византија и создавање еден Византиски, Ромеjски народ.

Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваaт за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294). Да потсетам, дека бугарската пропаганда најчесто ги користат Склица-Кедрин за пропагирање на бугарштина на Цар Самоил, а овие средновековни автори јасно кажуваат дека кога пишуваат за Цар Самоил како Цар на Бугарите (Воулгарои), мислат на жителите на темата Бугарија, а правите Бугари ги нарекуваат Мизи. Византија никогаш не ја признала средновековната македонска држава на Самоил, Константинополскиот Патријарх не сакал никако Самоил да го признае за Цар, па како сите знаеме Самоил добил царско признавање од Ватикан, па поради сево ова, за Византијците, секогаш сме биле дел од нивната Византија и Бугари- жители на византиската тема Бугарија.Така, Македонците од 972 г. станаат Бугари за Византија, а Бугарите станаа Мизи. Ако пак Македонците некој византиски писател ги наречел Мизи, веднаш додавал дека тоа не е нивно име и дека само им е ставено тоа име и името Бугари (ГИБИ, т. VI, стр. 160).

Од овие цитати гледаме дека уште пред уништувањето на бугарската држава, на Бугарите им било дадено ново, политичко, име, па нивниот последен реален цар кој 42 години владеел со Бугарите од "цар на Бугарите" наеднаш се престорил во "цар на Мизите" (Цитати по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија).



Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари,  следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

 

 

Најважно е да се истакне дека византијците, секогаш,  Бугарите и нас Македонците не разликуваат и ни даваат две различни имиња! Бугарската пропаганда иде дотаму, па вели дека античките Македонци се иселиле во Тракија, со цел жителите од темата Бугарија да ги направи Бугари. Тоа тврдење е абсурдно, нема ниту еден историски извор за такво нешто; Македонската Династија е етнички ерменска, но поради нивното место на живеење во темата Македонија, наречени се Македонци, како и сите останати етникуми таму: Ромеи, Евреи, славотраки итн.. Притоа, „забораваат“ бугарските пропагатори да спомнат дека правата Бугарија е византиска тема „Паристрион“, што следствено на бугарската пропаганда, во денешна Бугарија живеел народ Паристрионци, а не Бугари и не би требало да се нарекуваат Бугари, ами Паристрионци.

 За византиските историчари и писатели, Македонци се жителите на темата Македонија, а тоа е територија на источна Тракија со метрополис Адријанопол, денешно Едрене (Leonis Grammatici Chronographia, ed. Bonn, 1842, pp.208, 231-233; cf. GSBH, V, pp.155-156;) . Во темата Македонија, околу Едрене, живееле главно словенизирани Тракијци, Ромеи и Ерменци, но според византиската номенклатура, тие биле Македонци. По логиката на денешниве Бугари, требаше и ние Македонците да полагаме право на југоисточна Тракија со Едрене, бидејќи по византиските книги, Македонци живеат до Босфор! 

Печат на темата Воулгариа, со седиште во Скопје. За Византијците Бугарија била само област, а не етногеографска област, со цел асимилација на нејзините многубројни етнички групи.  Византија намерно ги менува етногеографските имиња на териториите со нови, туѓи, па така тема Македонија станува географска област Тракија, а тема Паристрион-Мизија станува права Бугарија.

Како што истакнав погоре, не само Македонците, туку и сите жители на темата Бугарија од страна на византиските хроничари се наречени Бугари (Воулгарос). Михаил Псел, цела денешна Србија ја окарактеризира како земја на Бугари. Трибалите (име за средновековни срби, а инаку тоа е предсрпски народ кој живеел на тлото на денешна Србија ) т.е. србите, истите византиски автори ги нарекуваат Бугари, бидејќи и тие се жители на темата Бугарија.  Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега (средниот век) се нарекуваат Булгари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26). Дали и Србите се Бугари, бидејќи и Србите во истите историски извори кои Македонците ги  нарекуваат Бугари, се наречени Бугари?

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Не само Бодин, туку и неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
 И самите “бугари” од второто бугарско царство, Самоил не го сметаат за бугарски цар. Околу 1344-1345 г. по порачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371) преведенена е Манасиевата хроника на невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 ), каде по византиската традиција, Цар Самоил е деклариран како бугарски цар, а жителите на Македонија како „бугари“. Но, бугарскиот преведувач на Манасиевата хроника не сака да направи забуна дека се работи за етнички Бугари во Македонија и појаснува што значи „бугарите„ од Македонија, за кои вели дека тоа се словените, србите и власите т.е. дека се работи за територијални „бугари“ од темата Бугарија  (Извор: втора забелешка на преведувачот на Манасиевата хроника од грчки на словенски, 1344-1345 г.).

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изаразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1165) напишал дури: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Иван Александар Македонец! Да не заборавиме дека преводот на Манасиевата хроника е направен по нарачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371), кој ете самиот си се декларирал како Македонец.
 Нема што повеќе да се спори, Византијците ги декларирале луѓето по нивната географска припадност, а не по националноста во 11 век. Скилица сосема јасно вели дека Скопје  е главниот град на Бугарија, а луѓето од Бугарија се Бугари (ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА). Скопје бил главен град на ТЕМАТА БУГАРИЈА, не на држвата Бугарија и Јоан Силица самиот кажува дека под Бугари подразбира жители на темата Бугарија! Доколку државата на Самоил била и се нарекувала навистина Бугарија, тогаш Скилица би говорел за Охрид како главен град на Бугарија.
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија,  во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка,  Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари. Како што Ерменецот Василиј II стана Македонец за Византијците, така и Македонецот Самоил стана Бугар за Византијците.
 

Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава.  Главен византиски војсоводец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч,  Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените“ (ГИБИ, том 7, стр. 115, цитат по  Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија). По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" (ГИБИ, том 7, стр. 116, цитат по  Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија).
 
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.

Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на цар Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дож Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348). И одовде се гледа дека Јован Ѓакон ја нарекол новата македонска држава, т.е. Самуиловото царство, со името Славинија!

И археолошките извори целосно докажуваат дека Цар Самоил немал врска со Бугарите, ниту со царевите од првото бугарско царство. Во 1965 г. грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот Голем Град  го отворил гробот на Цар Самоил. Грчкиот археолог во интервјуто за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил завиткан во скапоцена пурпурна облека  (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: Счупена ръка доказва, че гробът е на българския монарх); во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан по антички обичаи, во пурпурна облека. Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија  (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар Самоил бил Император, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ, туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по однос на ова прашање мудро молчат! По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се интересира, а целата историја нашите „историчари“ ни ја препишуваат од Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.
 
Заклучок:
 

1. Македонците (заедно со Србите, Црногорците, Власите и Албанците) после 972 г. од страна на Византија се крстени со политичко име Бугари, по византиската традиција, како жители на византиската тема Бугарија, додека правите Бугари се наречени Мизи, а нивната земја, правата Бугарија- Мизија. Македонци се наречени жителите на темата Македонија, која била околу Адрианопол, денешно Едрене. Во Византија, луѓето ги декларирале по административната тема од која што потекнувале, а не по народноста.
 

2. Затоа, Василиј Втори Македонецот, поради што потекнувал од Едрене, византиската тема Македонија, е наречен Македонец, а по ослепувањето на неколку илјадна самоилова војска е наречен Бугароубиец т.е. убиец на жители од темата Бугарија.
 

3. Најверојатно името на средновековната македонска држава е Славинија.
 

Битолската плоча

На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже“ бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Блъгарїнь“ или бугари како „Блъгаромь„  (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.), запис во бугарска словенска редакција од 13/14 век; поимот бугар во 11 век се пишувал „болгар“. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на  Стефан Л. Костов, „етнограф при Първа българска армия“, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија или пак е од 13 век, зошто по јазикот и писмото, плочата одговара исклучиво на подоцнежниот период.. Наивноста на бугарските фалсификатори на Битолската плоча иде дотаму, што таа ги содржи термините "Цар" и  "Самодржец". Имено, поимот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов  (Бакалов, "Владeтел", стр. 155-8).  Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Књаз или Цезари (Цри) за терминот Цар. Поимот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век  (Г. Острогорски, ”Автократор и самодржац„ Глас Српске краљевске акадамије CLXIV, Други раздред 84 (1935), стр. 95-187), а Битолсkата плоча би требало да датира од почетокот на 11 век!

Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од Иван Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt  ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува:  "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој  уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како  6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:

Цар Самоил е син на Брсјачкиот кнез Никола, кој ја владеел Брсјачката Склавинија во средината на 9 век. Грците (Византијците), словенската титула кнез, ја преведуваат како комитопул. Затоа, не само таткото Никола, туку и неговите синови Давид, Мојсеј, Самоил и Арон во грчките извори се споменуваат како комотопули-kнезови (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 347).

Кнезови (грч. комитопули) се владетели на македонските средновековни кнежевства тнр. склавинии. Македонските склавинии ги основале македонските словени (склавени), во која биле инкорпорирано и староседелското македонско население. Така и настанала симбиоза меѓу староседелците и новодојдените словени од западната група; словените ја примиле византијската култура, додека староседелците словенскиот јазик, поради целосното словенско опкружување не само во цела Македонија, туку и во Тракија, Тесалија, Елада, Мизија. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти.

Првата македонска држава и македонските кнежевства- склавиниите
Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).
Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176).

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија.



Брсјаците/Берзитите и државата Берзитија
Како што спомнав, кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил. Потеклото на Берзитите/Брсјаците е од долината на реката Елба, во денешната германска република Брандербург, во северозападната област Пригниц (Prignitz). Се спомнуваат во средниот век како Бризанер (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Нивни најблиски комшии во старата татковина, сегашна Германија биле Моравците, Смолјаните (Smeligden), итн. Брсјаците во Германија за време на доцниот среден век се целосно германизирани, а источните Германски Републики Брандербург и Саксонија се претежно составени од германизирани словени.
 
Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија   (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.), која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век ја покори Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија. Од бугарските историчари ќе слушнете кретенски контрадикторности и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели, станале бугари како нив; во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).
 

Македонија под Бугарија и автономијата на македонските етнички територии

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)
 
Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.
 
Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).
 
Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).
 

Обновата на Македонска Склавинија

Борбите со Бугарија

Во 968 г. права Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина) е нападната е нападната од Русија и Русите поминувајки ја слабата Бугарија напредуваат кон Византија. Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите брсјачки кнезови (комитопули) кренале бунт против Бугарија и ја отцепиле Берзитија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на етничка Македонија (Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), страна 609) . Се формирала нова македонска држава, се отцепиле македонските етнички територии од зависноста кон Бугарија.
 
Бугарија не можела ова да прифати формирање нова држава на своја територија. Во 970 г., бугарските цареви Роман и Борис II ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја уништат и да го задушат востанието на средновековните Македонци (Skyl.255.73-80). Но, Бугарија ослабена од руските напади и од борбите со Византија не успеала да го задуши бунтот во Македонија против нивната власт.
 

Борбите со Византија
Во 971 г. Византија ја покорува Бугарија, а во 973 г. и новосоздасдената, непризната држава на Самоил, освен Берзитија, за која се смета дека останала непокорена. По смртта на Византискиот Император Јован Цимискиј, во 976 г. комитопулите креваат ново востание, сега против Bизантија (Skyl.328f).

Бугарскиот развластен Цар Роман како сојузник на Византија против Самоил
Во 977 г. бугарските соцареви Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4357–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .
 

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:
Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).


Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил

Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
 

Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.
 
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

Македонија во византиската тема Бугарија
Од 971 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Цариградскиот Патријарх не го признал Самоил за Цар, туку тоа морал да го стори папата Грегур V. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на мала Азија. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).
 


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.
 
Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава не само Србите, туку и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).

Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век



Поради тоа, бугарските историчари сакаат да ги прикажат Самоил, неговото царство како бугарско, а Македонија како бугарска земја. Но притоа, ги испуштаат пасусите каде и србите, и црногорците, босанците и херцеговците се означени од страна на византиските историчари исто како Бугари.

Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.).

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. "Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.

Кај Скилица-Кедрин сосема јасно е кажано дека Охрид е столицата на темата Бугарија, но не на правата "Аемус Воулгариа" (Kedrinos II 462468.1,652).

За да ги разликуваат правите Бугари од самоиловите "бугари" т.е. жители на темата Воулгариа, од 972 г. византијците почнуваат да ги нарекуваат Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). И Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваат за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).

MAKEDONKA OD MAKEDONIJA:


Vlez vo Samoilovata tvrdinaВо 969 година доаѓа до судир меѓу Византиjа и Киевската држава. Во екот на Бугарско-византиско-руските судири умрел бугарскиот цар Петар. Неговата смрт во Македониjа била искористена за кревање на ослободително востание. Градот Охрид и неговата област уште во почетокот се наоѓале во средиштето на востанието што го дигнале синовите на комитопулот Никола: Давид, Моjсеj, Арон и Самуил. Востанието што започнало во 969 година брзо jа зафатило целата териториjа на поранешната склавиниjа "Берзитиjа". Освен од оваа териториjа бугарската власт била отстранета и од другите околни области. Од некогашните македонски склавини се формирала Македонската словенска држава, позната како Самуилово царство. Во периодот од 971 до 976 година комитопулите Давид, Арон, Моjсеj и Самуил иако jа чувствувале врховната власт на византискиот император успеале да извоjуваат и меѓународно признание на нивната држава.

Подоцна како монарх Самуил успеал да создаде голема воjска и добро обучен кадар . Како плод на тоа, до краjот на X век, освен териториjата на Македониjа, без Солун, во рамките на Македонската држава биле вклучени и бугарски, српски, грчки, албански и хрватски територии. Со папска дозвола Самуил jа издигнал Македонската црква на ранг на патриjаршиjа. По претворањето на Охрид во царско и црковно седиште на Македонската држава, градот израснал во вистински средновековен град, односно метропола. Градот го сочинувале два териториjално споени делови: тврдината, коjа всушност претставувала акропол и подградието. Двата дела заедно jа сочинувале целата градска населба, коjа тогаш се означувала како полис.

Есента 1015 година византискиот император Василиj II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил. По убиството на Јован Владислав, пролетта 1018 година, дошол и краjот на Македонската држава. Еден податок од 1073 година зборува дека градот Охрид се наоѓал во рушевини откако тоа го сторил царот Василиj II, бидеjќи се плашел дворците на Македонците да не станат големо жариште на побуни.

Императорот Василиj II сметал дека поданиците ќе бидат послушни доколку и црквата се ангажира во тоа. Затоа тоj дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа. Тоа значи дека Охридската црква се претворила во орудие на византиската држава, со чиjа што помош византиските императори го одржувале своето господство над Македонците. Во рамките на Охридската Архиепископиjа во времето на Василиj II влегувале 32 епархии, додека кон краjот на XI век нивниот броj се намалил и изнесувал околу 26 епархии. Со еден од поглаварите на црквата-архиепископот Лав е поврзана обновата и живописувањето на катедралната црква Света Софиjа.

Кон средината на 1081 година Византиjа влегува во воjна со Норманите, така што во Македониjа се создаваат услови за отфрлање на византиската власт. Норманите сепак останале на тлото на Македониjа и во Охрид до 1085 година кога се повлекле од Балканот. Од тоа време долги и опсежни искажувања за Охрид има од географот Идризи, коj бил еден од плеjадата учени луѓе во кралскиот двор во Палермо. Според "Географиjата " на Идризи, коjа е напишана во 1153 година, кажано е дека Охрид лежел на патот Via Egnatia и до него од Драч (албанско пристаниште) се патувало шест дена. Освен стариот пат Via Egnatia низ Охрид поминувал и патот коj ги поврзувал Драч-Скопjе-Струмица-Мелник-Серез-Орфано, а и други централни и споредни патишта.

Во XII век во Македониjа, а особено во Охридскиот краj, богомилството зело широки размери. Особено биле засилени акциите на богомилите во градот Охрид и околината, кога по повлекувањето на Норманите се засилило народното движење против византиското господство.

За изгледот на Охрид и животот во него кон краjот на XI век и во текот на XII век сведочи и архиепископот Теофилакт Охридски. Од него се дознава дека во ова време Охрид бил голем град и дека во него живееле охриѓани кои имале македонско потекло. Во утврдениот град се наоѓала катедралната црква Света Софиjа , во коjа архиепископот Теофилакт вршел богослужба. За охриѓани Теофилакт вели дека богослужбата jа слушале како "магарињата лирата". Ова од причина што службата се вршела на грчки jазик. Останато е сведочењето на истиот архиепископ дека Охрид во тоа време се развивал во секоj поглед под влиjание на Венециjа и другите италиjански градови. Забележан е еден редок податок дека во Охрид постоел "совет на општини " коj се грижел за редот во градот, а пред него сметки полагал дури и самиот архиепископ.

За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени броjни богослужбени книги. Голем броj од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софиjа, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир- значаен македонски книжевен ракопис коj денес се наоѓа во Болоња (Италиjа) по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови. Книгата jа напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне - Охридско, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакциjата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа.

Во 1202 година Византиjа е под налетот на IV крстоносен поход. На 13 април 1204 година крстоносците го зазеле Цариград. Со тоа е ставен краj на Византиската империjа. На местото на Византиjа сега е создадена новата латинска империjа. Во Македониjа истата година е воспоставена латинска власт. Тогаш Охридскиот краj заедно со другите jугозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство.

Во 1219 година за Охридската архиепископиjа се случува значаен настан. Никеjскиот патриjарх Мануил, како противтежа на Охридската архиепископиjа, jа спротиставува новоформираната Српска афтокефална архиепископиjа. Со осамостоjувањето на Српската црква, Охридската архиепископиjа ги загубила епархиите Рашка, Призренска, Липљанска и Сремска. Во 1272 година еден византиски император издал проглас со коjа на охридскиот архиепископ му дал за право да ги поврати одземените епархии од српската и бугарската црква. Во Лион во 1274 година е склучена спогодба за црковна униjа меѓу Рим и Цариград и тогаш силно се критикувани Србиjа и Загора бидеjќи се здобиле со афтокефалност без согласност на римскиот првосвештеник.

Во 1334 година српскиот крал Душан користеjќи ги разгорените внатрешни борби за власт во Византиjа го преминал византискиот одбранбен поjас во Македониjа и Албаниjа и притоа презел повеќе градови. Тогаш под српска власт паднале градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во текот на 70-тите години на XIV век во Охрид бил жупан Андреj Гропа. За време на неговото владеење, во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент) во Охрид. За тоа има натпис во самата црква. Инаку, црквата е изградена 1295 година од ктиторот Прогон Згур.

Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Баjазит I успеал насекаде во Македониjа да jа наложи своjата власт. Што се однесува до Охридското феудално кнежевство можно е според некои претпоставки да jа зачувало своjата самостоjност до краjот на векот, но се разбира под врховна власт на султанот.

Навигация

[0] Списък на темите

[#] Следваща страница

Премини на пълна версия