Автор Тема: Стоп за странските антимакедонски пропаганди  (Прочетена 295713 пъти)

Неактивен MAKEDONKA OD MAKEDONIJA

  • Участник
  • ***
  • Публикации: 47
  • Респект: -364
  • Предупредена от Админа

Веќе ми здодеаја сите оние антимакедонски пропагандни книги и веб страници на соседите на македонскиот народ, па решив и јас да дадам мал придонес за македонштината. Веќе 200 години, некој однадвор ја крои историјата и судбината на Македонецот, а и покрај националната слобода на дел од Македонците, вистинската македонска историја се уште е длабоко скриена по туѓите архиви, но нема Македонија историчари (со ретки исклучоци) кои би го расветлиле минатото на Македонецот. Мислев дека антимакедонските шовинистички пропаганди се замрени, но ништо не е променето со Македонија последниве столетија. Македонецот се уште е негиран, исто како што во 19 век, Грција, Србија и Бугарија измислуваа „историски докази„ дека македонскиот народ е бугарски, грчки или српски, со една единствена цел- приграбување на теиртории од плодородната Македонија (Almanach de la Question Sociale. Illustre'. (Paris), Pour 1896, pp. 240-244).

 Затоа, решив да ја напишам оваа брошурка, или што ли ќе да е, да ги разгатнам лажливите антимакедонски пропаганди, но пред тоа, прилично се изнамачив неколку години со собирање и читање на многу историски извори, бугарски, српски, турски, англиски и грчки. И така навлегов во ср`жта на пропагандите на нашите соседи, па решив да ги презентирам пред јавноста, без разлика дали некој се согласува со историската вистина или не. Бугарите велат Македонците биле Бугари, Србите демек сме биле Срби, а пак Грците дека сме славофони Грци. Досега, сиве овие пропагатори имаат напишано илјадници книгичиња дека Македонецот не постои и дека Македонец е само географска одредница. Ај нека немакедонците изнесуваат вакви глупости, ама ме чудеше сиве овие години, каде се македонските историчари да им се спротистават аргументирано на антимакедонските пропагатори. Прашање е дали имаме ние историчари или пак во Македонија под историчар се подразбира препишувач на историјата што ја презентираат бугарите и србите? Секако, има доста чесни исклучоци, кои пак целосно се маргинализирани од официјалната историска наука и од државата, а предност им се дава на оние препишувачите, пред се на Македонците од „Београдската школа“.

 Да не должам многу, веднаш почнувам со побивањето на антимакедонската пропаганда. Прво да објаснам, дека Македонец не е географски поим, туку национален. Државите го добиваат името по народот кој ги населува, па така Македонија во етногеографските граници од 1913 г. зафаќа територија не само на античка Македонија, туку и на јужна Дарданија, источен Илирик, цела Пеонија, западна Тракија и дел од Епир т.е. сета онаа територија каде живее македонскиот народ. Значи, територијата Македонија го добила своето име по народот македонски, а не обратно. Македонскиот народ почнува многу рано да се оформува, уште во 7 век, кога настанува словенизирање на Македонија и мешање на античкото македонско население со новодојденците Словени во еден нов етнос. Македонските Словени уште при доаѓањето на Балканите се посебни племиња, различни од Србите и Антите (тнр. бугарски Словени), за што сведочат и многу историски извори. Некои шовинистички Срби велат дека македонските Словени биле Срби, што е една голема лага, бидејќи историските извори велат до каде се населиле Србите- територијата западно од Морава; Бугарите пак сите до еден денеска велат Македонските Словени и бугарските Словени Анти биле исти и затоа сме биле ние Македонците Бугари. Ама ете, забораваат денешниве Бугари дека тие се Анти и Северјани, источни Словени, дојдени од степите на Русија, а Македонците се Склавени. Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Склавени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми.

 Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918). Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989). Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи. Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41). Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!

 Во средниот век, цела Македонија како што ја знаеме денеска, била поделена на самостојни кнежевства- Склавинии, а сите жители на Склавиниите се наречени македонски Словени, без разлика дали се тоа Словени или пак античкото македонско население. Од тогаш се зачнати корените на македонскиот народ и античките Македонци станаа Словени, а македонските Словени- Македонци. Новиот народ е создаден, кој се простира не само на географската област Македонија, ами и на географската област западна Тракија, цела Пеонија, јужна Дарданија (долна Мизија), Илирик, поради тоа што истородни словенски племиња ги населуваат сиве овие спомнати области, а во западна Тракија (денешна пиринска Македонија) имало и голема античкомакедонска колонија. Така, смешно е тврдењето на денешните бугарски историчари дека пиринските Македонци го носат името Македонци, само поради тоа што тоа потекнуваат од географската област Македонија; притоа, „забораваат“ или пак „не знаат“ дека пиринска Македонија е западна Тракија, па дека Македонец во пиринско означува етнос, а не географски поим, оти географскиот поим би бил Тракиец. Имено, реката Струма (Стримион) е границата на Македонија со Тракија, а пиринска Македонија се простира од р. Струма до р. Места. Уште поступидно е пак некој да тврди, дека вардарските Македонци не се етнички Македонци, туку географски, кога се знае дека најголем дел на денешна вардарска Македонија е географската област Пеонија, дел од долна Мизија (Дарданија) и источен Илирик, но се нарекува Македониј по народот македонски кој живее и во Пеонија, и во делот на долна Мизија (Дарданија) и во источен Илирик. Првата средновековна македонска држава Македонците создаваат и своја држава во 7 век, наречена Склавинија, која ги обединувала сите македонски Склавинии. Тоа била прва словенска држава, која ги зафаќала само македонските Склавинии, чии граници се совпаѓале со границите на етногеографска Македонија до 1913 г. Тогаш, забележани се и двајца Македонски кралеви, Хатсон и Пребонт, кои од византиските историчари се титулирани како „рекс“ (крал). Ова е доказ за самобитноста на македонскиот народ, кој имал државотворност уште во 7 век, кога е создадена и бугарската средновековна држава на туркобугарите, 7 антски племиња и северјаните. Значи, Македонците никако не можат да бидат Бугари, а уште помалку Срби, оти Македонците со Србите за прв пат стапуваат во контакт во 13 век.

 Велат, античките Македонци изумреле, демек испариле од лицето на земјата, но затоа пак Елините, ние кои така лаички си ги велиме Грци, не изумреле, туку ете опстанале и се’ уште живеат во Грција- Хелас. Еми, ако античките Македонци изумреле, тогаш треба да се изумрени и античките Елини, оти целта територија на Елада (Грција) била словенизирана во 7 век, онолку колку што била словенизирана и Македонија. Плус тоа, во 7 век не постоеле Елини, туку Ромеи (Римјани, лат. Греци, мак. Грци или Византијци) кои говореле елински . Ромеите биле од мешано етничко потекло, најмногу робовско, чии претци биле главно робови на античките Елини, пред се Етиопјани, Еѓипјани и Траки, нешто од преостанато античко елинско население, ерменци, грузијци итн. Затоа, ако се гледаат слики со ликови на средновековните Грци- Ромеи, ќе се забележи дека тие се главно мулати. Со словенизирањето на денешна Елада (Грција), а подоцна и со колонизирањето на Албанци во Грција, по 1829 г. се формира новата елинска-грчка нација, сочинета од сиве погоре спомнати етникума, Ромеи (Етиопјани, Траки, Елини, Еѓипјани, Ерменци, Грузијци), Власи, Албанци и Словени. По 1918 г., современите Грци во егејска Македонија доселуваат Карамани- православни Турци, кои ја збогатуваат грчката нација, а тие Карамани ги заземаат имотите на протераните егејски Македонци. Денеска, тие ортодоксни Турци, Караманите, се најголемите „македонци“ кои по цел свет вреват дека Македонија е 4000 г. грчка земја, а Македонците се Грци, Грците се тие, Турците Карамани, придојденците. Парадоксот е уште поголем, што ваквата салата наречена елински народ го негира постоењето на македонскиот народ, кој пак е многу покомпактен.

 Понатаму, Бугарите пропагираат дека во 9 век, кога туркобугарите ја завладуваат северна и централна Македонија, и тие, турските Бугари се смешале со Македонците и ете сме станале Бугари, односно македонски Бугари. Секако, тоа е далеку од вистината. Македонците и вистинските туркоидни Бугари биле големи непријатели, за што сведочат и самите средновековни записи на Бугарите. Кога пишуваат историја, некако Бугарите се многу заборавени, па „забораваат“ дека Македонија е центарот на словенската култура и писменост и дека многу средновековни дела се поврзани со Македонија и настанати тука. Така, нема апсолутно никаде спомнато Бугари во Македонија по македонската средновековна книжнина. Црноризец Храбар, пишувачите на Житијата за Св. Климент, Св. Кирил, Св. Методиј, Св. Наум, итн. пишуваат исклучиво дека во Македонија живеат Славјани и никој друг. Уште повеќе, средновековните Македонци не само што не се сметале за Бугари и не споменуваат Бугари, туку се зборува дека имале автономна црковна организација, со свој словенски епископ и тоа за време на последниот бугарски цар Петар. Од последните години на бугарското владеење на Македонија во 10 век, зачувани се македонски записи, каде никаде не се спомнуваат Бугари во Македонија, или пак некаков си бугарски јазик. Потоа, доаѓа времето на Цар Самоил, а по него повторната византиска окупација на Македонија, па Македонците не можеле да станат никако Бугари! Бугарите во средновековието биле турки народ, со свој турски јазик. Па сега кога ќе прочитам бугарска историја, дека Светите Кирил, Методиј, Сава, Ангелариј, Климент, Наум итн. биле Бугари, исто е како да читам научна фантастика. Па тие не биле турки, не пишувале турски, не носеле шалвари и немале избричени глави со опашки како Буагрите. да биле Бугари, Светите Кирил, Методиј, Сава, Ангелариј, Климент, Наум итн. би говореле и пишувале турски, а не славјански, би ја нарекле азбуката буагрска-турска, а не словенска, би говореле за бугарски народ во Македонија, а не за славјански. Да ги земеме и самите фрески на македонските светци по црквите, никој од нив нема избричена глава, со татарска опашка!

Се оди дотаму во бугарската историографија, да се докажува бугарски карактер на Самоиловото Царство, а самиот Цар Самоил се прави Бугарин. Велат, видете, сите византиски историчари од средниот век Македонија ја нарекуваат Бугарија, а Македонците Бугари. Но, секогаш забораваат да кажат дека Византијците (Ромеите) луѓето ги класифицирале  територијално- по територијата која ја населувале, а не етнички. По пропаѓањето на Бугарија, за Византија Бугарија не постои, а Самоиловото Царство не го признава како држава и територијата на Македонија, Србија и  Бугарија ги дели на теми- воедно-административни единици. Всушност, цела Византија е поделена на теми, но за да ги асимилира различните бројни етнички групи во големата империја, Византијците на темите даваат нови имиња, а ги бришат етногеографските имиња на византиските територии. Од  972 г. Византија на територијата на права Бугарија (меѓу Стара Планина и Дунав) ја создава темата Паристрион, на територијата на денешна јужна Бугарија, Румелија, историска Тракија ја создава темата Македонија, а Македонија и Бугарија влегуваат во тема Бугарија. Така, Македонците станаа Бугари за Византијците, јужните Бугари, а всушност Анто-Тракијци станаа Македонци за Византија, а правите туркоБугари станаа Паристрионци или Мизи. Како што напоменав, термините Бугарин, Македонец и Паристрионец/Мизиец започнувајки од 972 г. се тематски, добиени според тоа во која тема луѓето живееле. За ова, постојат безброј докази. Сочувани се мапи од темите Македонија (Тракија-јужна Румелија), Бугарија (Македонија и Србија) и Паристрион. Дури, сочувани се и печатите на темите, а за темата Бугарија јасно стои дека тоа е тема.

 Бидејки државата на Цар Самоил се простирала на тема Бугарија, така тој бил наречен Цар на Бугарите. Неговиот најлут противник, Василиј Втори Македонецот од Македонската Династије е етнички Ерменец, но роден во Адрианопол, Тракија, византиска тема Македонија, па затоа целата негова династија е наречена македонска, а тој Македонец. Како Ерменецот Василиј Втори е Македонец, така и Македонецот Самоил е Бугарин за Византијците.

 Со овие ступидни тврдења на Бугарите дека Самоил бил Бугарин, с# негираат самите себеси, оти во исто време кога Македонците и Србите биле наречени Бугари, тие, Бугарите пак се наречени Паристрионци (Добруџа) и Македонци (Тракија). Ако Македонците биле Бугари, тогаш денешните Бугари не се Бугари, туку Паристрионци и Македонци, бидејки во тоа време Бугари во права Бугарија, Византијците не спомнуваат.

 Од друга пак страна, византијските извори кога говорат за државата на правите Бугари и бугарски владетели, ја нарекуваат Мизија, а владетелите на Бугарите- Цареви на Мизите. Со тоа, Византијците сакаат да направат јасна дистинкција меѓу царството на Самоил и Роман, како две сосема различни држави.

 Бугарите  тврдат дека Самоил е наследник на последниот бугарски цар Роман и бил висок бугарски воен стратег. Но, истите тие византиски извори кои бугарите ги цитираат да докажат дека Самоил бил Бугарин, велат дека Самоил заедно со неговите браќа се бунтувале против бугарските цареви и биле едни на други непријатели.

 Во средновековието ниту еден Македонец не се декларирал како Бугарин или Србин. За време  на српската окупација на Македонија во средниот век, Македонците од Србите биле прекрстени со ново политичко име- Ромеи, Грци т.е. Византијци. Терминот Грк – Роман е средновековен поим за Византијци, а во буквален превод значи Римјанин.  Цар Душан своето Царство го поделил на два дела: Србија и Романија; во Романија спаѓала Македонија, а сите жители на Македонија биле наречени Романех или Грци. Ромеи  е политичко, а не етничко име кое го носеле Македонците, бидејки не е можно сите жители на Македонија да се Грци-Ромеи во 14 век. Ќе наидеме  и на тврдења на српски националистички кругови дека Македонците биле Срби, оти се споменувале само Грци/Ромеи и Срби во душановото царство, но не и Македонци. Тоа го потврдуваат и со славењето на крсни слави во Македонија, кои според нив се чист српски обичај. Јас на тоа велам: прочитајте ги убаво повелбите на Цар Душан и неговиот Законик, па ќе видите дека под Ромеи се подразбираат Македонците, а Македонија во тоа време била наречена Романија и целосно одвоена од Србија и Србите. Што се однесува на крсните слави, тие за прв пат се забележани во 11 век, како македонски обичај и тоа кај Војводата Ивец, последниот војсководен на Цар Самоил.

 Како што гледаме, Македонците во средновековието носеле повеќе политички имиња, натурени на нив од другите, но никогаш самите не се идентификувале со тие имиња. Не само Македонците, туку и сите останати балкански народи носеле политички имиња. Нашите јужни соседи, кои си ги нарекуваме Грци (Византијци),  до пред 100 години сами си се нарекуваа и идентификуваа како Ромеос (Римјани), за сега да се нарекуваат Хелени.

 Прашањето е кога Македонците станале Бугари или Срби, како што ни тврдат некои екстремни бугарски и српски кругови? Средновековната македонска книжнина, напишана од средновековните Македонци, никогаш не говори за Бугари или Срби во Македонија; напротив целосно се игнорирани овие две сега национални имиња.


 

БГ История


Неактивен бугарашъ

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 247
  • Респект: 28
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #1 -: Декември 06, 2007, 20:45:30 »
Успях да го прочета!!!
Мисля,че ми докара някакви странни тикове...Безкрайна безпомощност ме облада,защото ми стана ясно,че е невъзможно да върнеш луд към нормалния живот!
Дали не ставаше с удар по главата!?!
Всички хора са произлезли от маймуните,а македонците-от българите!

Неактивен bakko

  • Новодошъл
  • Публикации: 1
  • Респект: -1
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #2 -: Декември 26, 2007, 00:10:26 »
няма такава държава- ФИРОМ-!Има единствено гръцка провинция Македония!Населението в тази област е измислено от югокомунистите- микс - от всякъкви етноси.Днес това преходно формирование е правилно да се нарича "Скопска република", населението му - "скопци".Всичко друго е ала-бала.До 1944г. исторически е част от Елада,Византия и България!

Неактивен versenjetorix

  • Редовен
  • *
  • Публикации: 9
  • Респект: 0
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #3 -: Декември 26, 2007, 12:15:24 »
Здравей Maкедонка от Македония!
Прощавай, но не си си научила добре урока.Славянските народи се делят наистина на три основни групи - анти, венеди и славини(склавини).И нашата, а и вашата нация са славянски(в това няма спор), само че и двете са южнославянски, сиреч славини.Не си ли си задавала въпроса, защо българите най-много приличат на македноците и антропологически и езиково?Както hrvati приличат на србите и както всички в купом сме една и съща сбирщина(това вече беше в кръга на шегата :-) ).Същата логика важи и за українці и русские, polacy и češi...

Неактивен Torin

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 167
  • Респект: 16
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #4 -: Януари 10, 2008, 10:52:01 »
На тази не и ли омръзна да тропа по клавиятурата нахалост. Брей що нещо е начаткала.
Моме що не стана пианистка? Хем ще си намериш работа за пръстите хем ще твориш музика и така няма да се налага да ти четем простотиите.

Неактивен vekil

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 927
  • Респект: 29
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #5 -: Януари 13, 2008, 22:50:55 »
На тази не и ли омръзна да тропа по клавиятурата нахалост. Брей що нещо е начаткала.
Моме що не стана пианистка? Хем ще си намериш работа за пръстите хем ще твориш музика и така няма да се налага да ти четем простотиите.
« Последна редакция: Януари 13, 2008, 23:24:14 от vekil »

Неактивен vekil

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 927
  • Респект: 29
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #6 -: Януари 13, 2008, 23:19:17 »
Ово е моме ке е на 1500 годин, като гледам как разправя убедено като да е очевидец на събитията.Македонци - склавини, тая връзка не я бях срещал нийде,но по тая логика... Склавини са известни от ранните източници като сакалиби(някъде около Чечня) а също и суеби(шваби)Ако не ви мине номера с македонците що не се обявите за шваби. Те германците и тъй и тъй хранят два милиона турци, ще ви поемат и вас. Няма да изядете повече от бохемците или ромите(римляните), или коптите(древните египтяни)или булгар(както се презентират циганите в южна русия). Народ без корени лутащ се в дебрите на обществото би избрал квото е останало- Скендербег, Искандер, Александър......М...ски. Що не се разберете с албанците изпървом за произхода,  после да се пънете като глистей на буца на останалите европейски цивилизации.Свободни възможности - Ной, Гилгамеш, Кетцакоатл, Джаба Хатянина, Джейоба(йехова за знаещите български), Мойсей(Мохамед за знаещите турски), Сюлейман(Соломон за знаещите финанси)
« Последна редакция: Януари 13, 2008, 23:35:44 от vekil »

Неактивен borhes

  • Знаещ
  • *****
  • Публикации: 130
  • Респект: -19
  • Αλέξανδρος Γ' ο Μακεδών
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #7 -: Януари 14, 2008, 13:14:24 »
0
« Последна редакция: Януари 23, 2008, 17:52:03 от borhes »

Неактивен Torin

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 167
  • Респект: 16
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #8 -: Януари 14, 2008, 15:31:24 »
Ово е моме ке е на 1500 годин, като гледам как разправя убедено като да е очевидец на събитията.Македонци - склавини, тая връзка не я бях срещал нийде,но по тая логика... Склавини са известни от ранните източници като сакалиби(някъде около Чечня) а също и суеби(шваби)Ако не ви мине номера с македонците що не се обявите за шваби. Те германците и тъй и тъй хранят два милиона турци, ще ви поемат и вас. Няма да изядете повече от бохемците или ромите(римляните), или коптите(древните египтяни)или булгар(както се презентират циганите в южна русия). Народ без корени лутащ се в дебрите на обществото би избрал квото е останало- Скендербег, Искандер, Александър......М...ски. Що не се разберете с албанците изпървом за произхода,  после да се пънете като глистей на буца на останалите европейски цивилизации.Свободни възможности - Ной, Гилгамеш, Кетцакоатл, Джаба Хатянина, Джейоба(йехова за знаещите български), Мойсей(Мохамед за знаещите турски), Сюлейман(Соломон за знаещите финанси)
Хе хе Мохамед и Моисей имат толкова общо колкото кон с кокошка.
А за циганите в Русия ... това си е чиста пропаганда нали държат 90% от територията ни :)
И не говори лошо за Соломон щото Ал. Велики му е потомък !!!

Всеки луд номера си, но май тука се завъдиха такива, дето имат цяла програма.

Неактивен vekil

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 927
  • Респект: 29
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #9 -: Януари 18, 2008, 22:20:23 »
Ово е моме ке е на 1500 годин, като гледам как разправя убедено като да е очевидец на събитията.Македонци - склавини, тая връзка не я бях срещал нийде,но по тая логика... Склавини са известни от ранните източници като сакалиби(някъде около Чечня) а също и суеби(шваби)Ако не ви мине номера с македонците що не се обявите за шваби. Те германците и тъй и тъй хранят два милиона турци, ще ви поемат и вас. Няма да изядете повече от бохемците или ромите(римляните), или коптите(древните египтяни)или булгар(както се презентират циганите в южна русия). Народ без корени лутащ се в дебрите на обществото би избрал квото е останало- Скендербег, Искандер, Александър......М...ски. Що не се разберете с албанците изпървом за произхода,  после да се пънете като глистей на буца на останалите европейски цивилизации.Свободни възможности - Ной, Гилгамеш, Кетцакоатл, Джаба Хатянина, Джейоба(йехова за знаещите български), Мойсей(Мохамед за знаещите турски), Сюлейман(Соломон за знаещите финанси)
Хе хе Мохамед и Моисей имат толкова общо колкото кон с кокошка.
А за циганите в Русия ... това си е чиста пропаганда нали държат 90% от територията ни :)
И не говори лошо за Соломон щото Ал. Велики му е потомък !!!
Това за циганите го четох у Златарски.В началото на миналия век са ходили в Казан и наоколо да търсят останки от волжските българи.Естествено никои не са намерили до отпътуването, когато едно циганче на гарата се похвалило че е булгар.Те си избират някоя стара велика циливизация (но задължително изчезнала, за да нямат опоненти)  и се присламчват.Да речем Италия има повече (не много) основания да се счита останка от ROME, отколкото Romania или Рома. Е някои са си избрали Makedonia.
« Последна редакция: Януари 18, 2008, 22:43:35 от vekil »

Неактивен vekil

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 927
  • Респект: 29
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #10 -: Януари 19, 2008, 15:53:58 »
Грешка.Имах предвид Муса - Моше.

Неактивен tenev57

  • Редовен
  • *
  • Публикации: 7
  • Респект: 2
Re: Стоп за странските антимакедонски пропаганди
« Отговор #11 -: Януари 23, 2008, 23:40:07 »
Моме,влезни в гугъл и напиши First Bulgarian Empire wikipedia.там ще намериш карти на България по времето на Кубрат,Крум,Симеон и Самуил.Разгледай ги,прочети какво пише в енциклопедия британика,и ако след това продължаваш да твърдиш това,което си написала не ми остава нищо друго освен да ти пожелая дано не си толкова хубава,колкото умна защото ще си останеш стара мома.Успех!

Неактивен kolevski

  • Професор
  • ****
  • Публикации: 63
  • Респект: 7
 ;)Моме моме ама е мъж!!!Той си знае!
Бъди истински достоен БЪЛГАРИН!!

БГ История